Бројните истражувања докажаа дека доживувањата на мајката може да предизвикаат различни видови на реакции кај фетусот. Со заземање на одредена положба во мајчината утроба фетусот изразува пријатно или непријатно доживување во моментот.

Утврдено е  дека кога мајката е изложена на одредени емоции или состојби, како на пример страв, вознемиреност, анксиозност, лутина, или пак е изложена на физички и психички стрес, се појавува зголемена активност на фетусот.Телесната температура на фетусот е за 0.5 – 1.5 степен повисока од температурата на мајката. Токму затоа секое покачување на телесната температура кај мајката се одразува неповолно на фетусот и тој станува немирен.

Секое доживување што ќе го доживее мајката се пренесува на фетусот. Прашањето што следува е – Како мајката му ја пренесува пораката на бебето?

Постојат следните три начини на комуникација меѓу мајката и бебето:

  • Физиолошка комуникација: Во овој начин на комуникација значајни се биохемиските и физиолошките процеси. Кога мајката доживува страв се менува биохемискиот состав во нејзиното тело, на пример се зголемува количината на адреналин и сл. Тој биохемиски состав го преплавува и фетусот. Фетусот несвесно и секако неинтелектуално учи дека одредена емоција е поврзана со одреден биохемиски процес.
  • Емпатична комуникација: Оваа комуникација е најтешко научно да се докаже. Како опис на овој начин на комуникација би го изложиле фактот дека една третина од спонтаните абортуси се јавуваат без причина, и најчесто кај жени кои не го сакаат своето бебе.
  • Комуникација преку движење: Движењето на бебето во мајчината утроба е одговор на нејзиното однесување. Особено значајно за мајката е првото движење на бебето во нејзината утроба, кое движење многу порано го забележуваат мајките кои го сакаат своето бебе.

 

Се вели Во здраво тело – здрав дух. Ние би дополниле... во здрава мајка – здраво бебе.

 

Магде Петровска - Дипломиран психолог


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama