Вториот преглед во бременоста вообичаено се закажува во текот на деветата недела. Прегледот опфаќа контрола на лабораториските анализи кои се задолжителни пред секој преглед.

Особено внимание се обрнува на серумското железо (Fe), чија вредност може да биде намалена кај некои трудници. Дел од трудниците кај кои има знаци за анемија ќе добијат терапија со препарат на железо, со цел да се корегира намаленото ниво на хемоглобин. Прегледот опфаќа целосно толкување на лабораториските анализи, контрола на крвниот притисок и телесната тежина.
Ултразвучниот преглед во оваа фаза од бременоста е карактеристичeн поради тоа што ембрионот, иако е многумал, веќе наликува на бебе, а може да се забележи и негово движење. Особена радост за идните родители е прикажувањето на нивното бебе по прв пат, неговите движења и приказот на неговото срце кое се гледа на мониторот. Прегледот опфаќа и испитување со доплер, при што идните родители може да го слушнат срцето на бебето. Сите овие моменти се значајни за идната мајка и нејзиниот партнер. Присуството на обајцата родители помага во формирањето на една посилна емотивна врска помеѓу партнерите која делува позитивно на мајката, на текот на бременоста, на породувањето и понатаму при воспитувањето на детето кое сега е големо само неколку сантиметри.
Поточно, на овој преглед повторно се мери должината на ембрионот (CRL) која изнесува околу 25 mm.

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama