Летото е период во кој бремените жени имаат нешто поизразени тегоби и потешкотии. Причина за потешкото поднесување на горештините лежи во хормоналниот статус, зголемената базална температура, раширените крвни садови, зголемената телесна тежина и зголеменото ниво на течност во организмот. 

Овие појави се нормални во бременоста, но во лето тие може да го отежнат нормалното секојдневно функционирање. Затоа во лето трудницата треба активностите да ги прилагоди на својата состојба, како би се справила полесно со сите потешкотии.

Што да направите за да Ви биде полесно?

Гардеробата може значајно да го подобри општиот ефект од горештините. Избегнувајте тесна облека со темна боја. Во лето најдобро ќе се чувствувате во памучна и ленена широка облека со светли бои, по можност бела боја. Внимавајте и каква долна облека носите. Памучната долна облека го намалува потењето и ја спречува појава на црвенило и чешање. Ваквата долна облека дава комоција и овозможува кожата да дише непречено. Во лето треба да пиете повеќе течности. Каде и да одите, со себе носете вода.  Избегнувајте индустриски сокови и чаеви, претежно внесувајте вода и свежо цедени овошни сокови.

Неправилната исхрана може значително да Ви ги отежне топлите летни денови. Тешката храна која бавно се вари може да ви создаде мачнини и киселини следните неколку часа по јадењето. Масната и зачинета храна особено тешко се поднесува во доцна бременост. Ви препорачуваме да јадете најмногу свежа храна. Салатите, овошјето, оризот, рибата и чистото немасно месо се идеална храна во лето.

Од активностите кои ќе ги практикувате ова лето, значајно е пешачењето. Препорачуваме тоа да биде доцна поладне или навечер, кога горештините се смалуваат. Не заборавајте со себе да носите вода со која ќе се освежувате во тек на прошетката. Важно е да не се заморувате премногу.

Пливањето е исклучително корисно за бремените жени. Пливањето ја подобрува циркулацијата, ве релаксира и го олеснува дишењето. Во вода се намалуваат тегобите настанати поради тежината и зголемената еластичност на зглобовите. При пливање се намалуваат болките во стапалата, како и болките во грбот и половината. Мускулниот тонус кој се добива со физичка активност како пешачење и пливање, во тек на следниот ден ќе ви помогне правилно да го држите телото, со што ќе се намалат болките во половината и другите зглобови.

Кога е топло и не можете да излезете на прошетка, нозете и стапалата може да ги релаксирате на следниот начин: легнете на подот во Вашиот дом, подигнете ги нозете и потпрете ги на ѕид. На овој начин ќе го намалите оптоварувањето на стапалата и ќе овозможите венската крв да се врати од нозете кон телото. Оваа вежба, како и секојдневната лесна физичка активност ја намалува веројатноста да заболите од длабока венска тромбоза (ДВТ), која денес е многу честа компликација во бременоста и може да има одредени последици по здравјето на жената.

Навечер, кога нозете ќе ви бидат отечени од дневните активности подгответе си купка со ладна вода. Може да ги измиете нозете со млака вода или да ги потопите во купка со додаток на ароматични тревки. Ова може да се применува секогаш кога е топло, без разлика дали сте бремени или не. Ладната купка на стапалата и нозете ќе ви донесе добар и мирен сон, особено кога времето е многу топло.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama