Иако Вие сте таа која е бремена, Вашиот партнер поминува низ истото (добро, не баш низ истото). Еве листа на нешта за кои треба да се запраша секој маж:

 

  1. И тој очекува принова. Да, тоа е вистината.
  2. Вие сте исплашени повеќе отоклку тој. Вие мора да се соочите со тоа, не тој.
  3. Неговата мајка не е најдоверлив извор на информации.
  4. Доколку го пропушти првото ехо, ќе се чувствува како засекогаш да е тргнат од сѐ.
  5. Кога велите дека сакате да јадете, мислите ОДМА, не за 5 минути.
  6. Не, нема да го допре бебето.  Навистина е во ред да имате односи додека сте бремена.
  7. ...и да, постои постпородилна забрана за односи, сѐ додека вие на кажете спротивно.
  8. Не мора да ве третира како Порцеланска вазна само затоа што сте бремена. Нема да се скршите.
  9. ...сепак треба да ве обожува како божица заради фактот дека носите негово дете.
  10. Треба да присуствува на секое случување што се однесува на бебето.
  11. Не смее да постои никакво гадење (или не дај Боже паѓање во несвест) додека гледате снимка од породување на телевизија.
  12. Масажата на стопалата и грбот е секогаш добредојдена.
  13. Излегувајте заедно додека можете.
  14. Да, градите ви се поголеми, но и понатаму сакате да ве гледа во очи додека разговарате.
  15. Квалитетниот транспортер (кој е прескап) е навистина важен за бебето.
  16. Подготвувањето на викендашката храна т.е. пржење и загорување никако не им помага на личностите кои се борат со утринска мачнина т.е. трудниците. 
  17. Сосем е во ред да се грижите како ќе издржите финансиски, како и на останатите полиња.
  18. Да се биде татко е еднакво важно и остава скоро ист впечаток како и да се биде мајка.
  19. Родителството го менува животот.

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama