Честитки – по месеци чекање конечно може да го држите своето бебе во раце! Тоа ново пакетче ќе ви донесе голема радост, милион моменти исполенти со гордост – и неколку изненадувања. Прочитајте понатаму за да научите за најголемите новороденечки „бомби“.

Новоренчињата изгледаат смешно

Можеби ќе забележите дека вашето бебе воопшто не личи на оние дебелки ангелчиња со мазно кожиче кои ги преплавуват списанијата во чекалната на вашиот доктор. Не, сè е во ред. Само што бебињата во списанијата не се новороденчиња! 

Ова има смисла, со оглед на тоа дека „изгледот на новороденчето“ – со прости зборови – е малку бизарен. Замислете големи глави, кокалести екстремитети и лушпеста кожа.

„Тие всушност личат на вонземјанчиња“, вели педијатарот Гвен О’ Киф. 

Самиот процес на раѓање овде има замешано прсти. Сето тоа стискање и обликување на патот низ родилниот канал  може да резултира со „сплеснати“ карактеристики и главче кое е повеќе конусоидно отколку округло (бебињата родени со царски рез обично имаат поокругли глави).

Исто така, бидејќи вашето бебе пловело во течност цели 9 месеци, немало баш можност да развие цврсти мускулчиња. Ова доведува до олабавени „фацки“.

Кожата на вашето бебе исто така може да ве изненади. Ако вашето бебе подзадоцни, кожата може да изгледа згужвано и може да се лупи од белиот кремаст верникс кој ја покрива кожата на бебето додека е во утробата. Терминските бебиња и предвреме родените, исто така може малку да се лупат од изложеноста на воздух откако верниксот ќе биде измиен.

Поголема е веројатноста кај предвремено родените бебиња да излезат покриени со нежни, брановидни (понекогаш темни) влакна наречени лануго. Ланугото обично се појавува на одредени делови од телото како на пример на грбот, рамената, ушите, челото, а отпаѓа неколку недели по раѓањето (иако кај некои бебиња останува и подолго). 

Наскоро вашето бебе ќе ја покачи својата тежина, ќе го загуби изгледот на новороденче и ќе го добие одлучувачкиот бебешки изглед. До тогаш, уживајте во оваа фаза, додека трае. Бидејќи, и покрај тоа што новороденчињата не се подготвени за во реклами, тие имаат чудна убавина, барем во очите на нивните родители.

Како што вели една мајка, „Моето најстаро изгледаше како мајмун, второто личеше на стара баба, а најмалото на жаба. Сметав дека се прекрасни.“

Бебињата може да бидат експлозивни

Новороденчињата можеби изгледаат кревки, но кога станува збор за бљуцкање и какање, знаат да зададат опасен удар.

Според едно истражување, 41 % од новите мајки рекле дека бљуцкањето било најголемата глупост, што се однесува до исхраната. „Бев изненадена од тоа колку пати требаше да се пресоблечам,“ вели една мајка на две деца. 

Зошто бљуцкањето е толку честа појава? Проста физиологија. „Ситниот мускул кој функционира како вентил помеѓу хранопроводот и желудникот е незрел кај новороденчињата, па лесно е храната да се врати нагоре, “ вели О’Киф.  

Ако имате голем бљуцкач, не заборавајте да подригне и држете го исправен откако ќе јаде. Ова ќе помогне да се намали волуменот и честотата на бљуцкањето. И не грижете се – нема да има потреба да носи повратени алишта и кога ќе оди на факултет.

„Повеќето бебиња ја надраснуваат фазата на бљуцкање и повраќање до 4-5 месечна возраст,“ вели O’Киф. (Сепак, ако на детето не му е добро после јадење, ако губи од тежината или ако повраќа во млаз, како проектил, разговарајте со вашиот доктор. Можно е да станува збор за рефлукс или некој друг медицински проблем).

Експлозиите од какушки се друг нормален дел од секој родителски почеток. „На вториот преглед кај докторот, какушка експлодира врз целата кошула на мојот сопруг,“ вели една мајка. „Беше како млазен мотор!“ Повторно може да ѝ се заблагодарите на незрелата биологија. Бебињата не можат да какаат по своја волја сè додека не пораснат, па понекогаш тоа едноставно достигнува до критична маса и одеднаш сè излегува,“ вели О’Kиф. 

Нема што да правите во врска со експлозиите од какушки, освен да носите полна торба пелени и да се потрудите да ја задржите добрата смисла за хумор. 

Бебињата одземаат неочекувано многу време

Типична загатка за раното родителство: Како грижата за ова заспано кукле може да одзема толку многу време? Наместо продуктивните недели исполнети со планови кои можеби си ги замислувавте во текот на бременоста, постпородилните денови ги поминувате заглавени во мешавина од менување пелени, доење, нишкање, подригнување, бесконечно перење. 

А брзинското излегување на мала прошетка со вашето бебе? Повеќе е влечкање, отколку брзинско излегување. „Она што најмногу ме изненади беше какво сценарио е да излезеш од дома.“ – вели една мајка. 

„Нормално е мајките да се изненадени и поразени од фактот дека новороднеото одзема многу време,“ вели Витни Мос. Да се најде време за да се средат работите – или време за себе – е најголемиот предизвик за новото мајчинство. 

Од помош ќе ви биде ако ги прилагодите вашите очекувања и да запаметите дека родителството има една стрмна угорница на учење. „Немојте да бидете строги со себе, исто како да сте почнале на ново работно место,“ вели Мос.  Па затоа, оставете ги на страна плановите за генералка во гаражата додека сте на породилно и знајте дека како што ќе добивате искуство, сите оние задачи поврзани со бебето ќе стануваат сè полесни и побрзи. Сега можеби ви треба 10 минути за да смените пелена, но понатаму ќе видите дека го правите тоа со една рака додека зборувате на телефон. И наскоро, ќе можете набрзина да тркнете до продавничка заедно со вашето бебе без да се испотите. 

Поврзувањето си има своја временска табела 

За некои мајки најголемиот шок од родителството била љубовта што ја почуствувале во моментот кога го здогледале или земале во раце своето бебе. „ Ме удри како гром од ведро небо,“ вели една мајка. 

Други пак велат сосем спротивно: Нивното најголемо изненадување било кога тие не  се заљубиле во своето бебе веднаш. За овие родители поврзувањето се одвивало постепено. „Ќерка ми е стара 3 и пол недели и ја сакам до смрт“, вели една мајка. „Но, го немаше тој волшебен момент. Ми беше потребно време.“ 

Како бременоста, така породувањето, и самото раѓање и искуството се разликуваат индивидуално кај секој родител. Ако сте под стрес бидејќи не сте поврзани со вашето новороденче онака како што замислувавте, дајте си време и запаметете дека нема „правилен начин“ на кој се случува поврзувањето.

Исто така, обезбедете си одмор. Иронично, но малку време настрана од вашето бебе може да му помогне на процесот на поврзување. 

Многу е важно да си земете оддишка,“ вели О’Киф. „Не се чувствувајте виновни ако го оставите бебето со вашиот партнер, родител, или пријател додека одите на прошетка или си ги лакирате ноктите. Кога мајката не се чувствува преоптоварена, поврзувањето станува полесно.“

Ако, после неколку недели сеуште сметате дека имате проблем да се поврзете со вашето бебе, зборувајте со вашиот доктор. Понекогаш постпарталната депресија – која исто така е честа и се лечи – може да застане на патот на процесот на поврзување.

Ќе бидете поинаков родител од она што очекувавте  

Родителството доаѓа со многу лекции, а смиреноста може да биде најголема од сите лекции. 

Можеби мислевте дека никогаш нема да му дадете цуцла на вашето бебе, а сега куќата и колата ви се исполнети со светло обоени цуцли. Или мислевте дека никогаш нема да се грижите за бактерии, а сега ги пречекувате гостите на врата со течност за дезинфекција. 

Или тврдевте дека ќе се држите до памучните пелени, а сега не можете да се откажете од оние за една употреба. И ете сте, го правите токму она кое се заколнавте дека никогаш нема да го правите. 

„Сите поминуваме низ ова,“ вели О’Киф. „Мислиме дека ќе се однесуваме вака или така, ама потоа сфаќаме дека треба само да го правиме она што најдобро функционира за нашето индивидуално дете.“

„Дефинитивно не бев дечарка. Денот пред да се породам, мислев дека ќе речам 'Повели, бабо. Ние ќе се вратиме од викенд за неколку дена.... ' Но, во моментот кога излезе, бев прелеана од љубов, заштита и радост. Никогаш не мислев дека ќе биде така. Точно една ноќ само не бев со него. Затоа што морав, заради работа,“ вели една мајка.

Друга мајка вели, „Секогаш мислев дека е одвратно кога родителите им го чистат носето со раце, но сега сум еден од тие родители.“

 

Со љубов од Стефи за сите идни и сегашни родители :)

 

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama