Подригнувањето е значаен сегмент од хранењето на вашето бебе. Колку што хранењето знае да биде задоволство за секоја мајка и има огромно значење во зближувањето помеѓу мајката и нејзиното бебе, исто толку може да донесе непријатност и фрустрација кај родителите доколку не се врши правилно.

Еден од значајните сегменти на хранењето е подригнувањето. Доколку бебето не подригнува, зголемената количина на гасови во желудникот и цревата може да предизвикаат тоа да биде немирно, плачливо, да повраќа и да има повеќе гасови. Гасовите во цревата, меѓудругото, се сметаат за главна причина за грчевите во мешето во доенечка возраст до 3 месеци. Токму затоа ЛУЛКА ве доближува до еден значаен сегмент од хранењето, а тоа е подригувањето.

Стимулирањето на бебето да подригне е значајно и не треба да се практикува само на крајот на хранењето, туку и во текот на хранењето во определени интервали. Доколку се храните со адаптирано млеко, треба да направите пауза и да се потрудите бебето да подригне на секои 50 – 100 mL испиено млеко. Доколку бебто цица, треба да подригне при секое менување на дојката во трекот на цицањето. На крајот на оброкот подригнувањето е задолжително.

Понекогаш бебето нема да подригне. Искуствата покажуваат дека треба да бидете упорни и да се обидете со промена на неколку различни положби за подригнување. Утврдено е дека упорноста се исплатува и дека бебето потоа спие значително помирно. Понекогаш и во текот на ноќта бебето може да се разбуди и да биде кенкаво поради присуство на воздух во желудникот. Обидете се да го стимулирате да подригне, тоа може да му помогне и мирно да го поминете остатокот од ноќта.

Педијатрите советуваат во текот на првите неколку месеци бебето по јадење да спие на повисока подлога, или да не го легнувате веднаш по јадењето. На овој начин се спречува враќање на мала количина од млекото. Корисно е и поставувањето на лигавче за заштита на облеката, доколку бебето поврати мал дел од содржината која ја испило. Ова враќање на мала количина млеко по јадењето во секојдневниот жаргон се нарекува бљуцкање, претставува нормална појава и не е знак на болест. Доколку бебето враќа поголема количина на храна или повраќа во млаз, тогаш се работи за повраќање и треба да се обратите кај педијатар.

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama