• При воведување на кашеста храна доењето продолжува.
  • Нови намирници се воведуваат на растојание од една недела.
  • Треба да се инсистира на воведување на нова храна (особено зеленчук) и во случаи кога детето го одбива првиот внес на кашичката.
  • Се започнува со ниско алергогени производи, како овошни кашички (јаболко, крушка, банана), зеленчук (морков,компир, карфиол, келераба, тиквички), ориз, пченкарни снегулки итн.
  • Леб по навршени 10 месеци.
  • Кравјо млеко: како самостоен главен напиток по навршена една година. Мали количини можат да се додадат во млечните кашички (за подготовка на житна кашичка, пире итн.)
  • Глутенот го има во пченичниот гриз, во р`ж, јачмен, зоб, зобни снегулки, биожитарици за доенчиња, тестенини и сл. Глутенот се воведува во мали количини помеѓу 7-8 месеци додека се дои.А
  • Јајца: жолчка се дава по навршени 7 месеци , белката по наполнета 1 година.
  • Шеќер и сол: по наполнета една година .
  • Мед: по наполнета 1 година
  • Риба: по наполнета 1 година како свежа зготвена риба (скуша, харинга, сардина, лосос).
  • Морски плодови: По наполнета 1 година.
  • Кашеста храна со парчиња се воведува по наполнети 10 месеци.
  • При воведување мешовита исхрана кај сеуште доено дете, повеќе од 90 % од железото мора да се обезбеди со немлечна храна која содржи доволно биорасположливо железо (црвено месо, леќа, грашок, зелено обоен зеленчук и сл.).


    М-р. Д-р. Ангелчо Андоновски

 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama