Најдобра температура за спиење на бебињата е 16-20 степени целзиусови. Сепак, во лето, температурите може да пораснат и над оваа идеална температура. Ваша задача е на бебето да му овозможите мирен сон и да ги преземете сите мерки да ја одржите температурата во просторијата пониска.

Наутро спуштете ги ролетните. Доколку сончевите зраци не продираат директно во собата и температурата ќе се одржи на пониско ниво.

Доколку е топло, дозвлено е бебето да спие босо, со боди или дури и само со пелена. Бебето покривајте го со чаршавче или друг лесен материјал кој ја впива потта. Доколку имате водоотпорен чаршав, отстранете го. Во лето треба да се користи постелнина која ја впива потта на детето. Отстранете ги сите странични делови од постелата, како би можел воздухот полесно да циркулира. 

Отворете повеќе прозорци истовремено, за да се создаде струење на воздухот. Може да користите вентилатор, но тој никогаш не смее да дува директно во вашето бебе. Корисно е да ја оладите собата со вентилатор пред да го заспиете бебето, а потоа да го исклучите. Нa прозорите и столиците во собата поставете да висат водени крпи и пешкири. Ветреењето на водата го лади воздухот во просторијата.

Додека е во количка, надгледувајте го бебето. Ако заспие префрлете го во неговото креветче доколку сте дома. Количките може да бидат топли и да не дозволуваат струење на воздухот.

Никогаш не го оставајте детето да спие во автомобилското седиште. Дури и со отворени прозори, температурата во автомобилот многу брзо се искачува и може да предизвика топлотен удар кај детето.

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama