Дури и многу мали, бебињата може да покажат агресивно однесување како врескање или замавнување. Но, како треба да реагирате ако вашето 11-месечно бебе удри друго бебе?

Некои типични реакции на возрасните вклучуваат казна, смеење или преправање дека ништо не се случило. Некои дури и сметаат дека е подобро да ги остават „децата тоа да го средат“ и воопшто да не се замешуваат. Како лутината, така и агресијата е нормален дел од развојот на детето, а справувањето со неа е еден од најважните предизвици на родителството. Темпераментот на вашето дете може да влијае на тоа како тоа ги покажува чувствата и како се однесува кон другите. Разликите во темпераментите ги наведуваат некои деца да бидат агресивни, додека други пак воопшто не се агресивни. Кога бебињата покажуваат агресија и лутина, тоа е вообичаено заради неудобност, болка или фрустрација. Постарите бебиња користат агресија за да се заштитат, за да искажат лутина или да добијат нешто што сакаат. Кога вашето бебе е агресивно, тоа е затоа што не научило подобар начин на однесување.  

Утеши, Играј и Научи: Позитивен пристап кон родителството

Invest in Kids го создаде Comfort, Play & Teach (Утеши, Играј и Научи): Позитивен пристап кон родителството за да им помогне на родителите да обрнат внимание на провокативни однесувања како агресијата. Утеши, играј и научи се три едноставни идеи. Кога се активираат може да имаат голем ефект на развојот на вашето дете.

Утеши го своето дете. Утехата е првото нешто кое на децата им е потребно од родителите. Кога го тешите вашето дете, тоа учи да се чувствува сигурно, сакано и ценето. 

Играј си со своето дете. Играта е „работата на децата“ а вие сте важен „партнер“. Кога си играте со своето дете , тоа учи да истражува и да го открива светот и неговата улога во него.

Научи го своето дете. Учењето е она што прават родителите за да им помогнат на своите деца да научат. Кога го учите вашето дете, тоа учи како да се поврзува со другите, да решава проблеми и да комуницира. 

 

Утеши, Играј и Научи Стратегии за бебе 

Користењето на Comfort, Play & Teach стратегиите за да се спречи или да се одговори на агресивното однесување, ќе му помогне на вашето бебе да научи повеќе соодветни начини на однесување со другите. 

Утеши

  • Вашето бебе кое плаче ви кажува нешто и важно е да одговорите. Ако одговорите, вашето бебе ќе научи да ви верува вам и на другите возрасни и ќе знае дека ќе реагирате постојано и со чувства кога му е неудобно или е вознемирено.
  • Користете смирувачки глас и нежни допири. Изразувањето на нежни чувства преку допир е важно за емоционалниот развој на вашето бебе.
  • Обидете се да откриете што го предизвикало агресивното однесување и елеминирајте што повеќе извори на фрустрација. Ова му помага на бебето да се чувствува сигурно и безбедно.

 Играј 

  • Создадтете безбеден простор за играње за бебето да може да се движи низ куќата без константно да му викате „не го фаќај тоа“ и „не прави така“. Пречестото „не“ ќе го исфрустра и налути вашето бебе.
  • Обезбедете му на детето период за игра преку денот со вас или другите кои се грижат за него. Играта е прекрасен начин вашето бебе да научи за својата оклина и како позитивно да се поврзе со луѓето и работите кои го сочинуваат неговиот свет.
  • Кога си играте со бебето, дајте му примери од сопственото грижливо однесување и користете едноставни зборови како „нежно“ или „меко“ за да ги опишете вашите активности.

 

 Научи

  • Зборувајте му на вашето бебе, честитајќи му на секој напор. Дури и ако не ги разбира зборовите, тоа сфаќа дека ви е важно и сака да ви угоди, што е критично кога треба да ги следи вашите упатства.
  • Поддржете ги раните обиди на бебето да се утеши и смири. Цицањето на палецот или гушкање на мека играчка или ќебе ретко се тешки навики за да престанат, и тие му помагаат на вашето бебе да научи да се смирува.
  • Обебзедете му на вашето бебе постојани дневни рутини кои се вовед во правилата. Со тоа што не мора да погодува што следува, ќе му помогнете на детето да развие  чувство за тоа што го очекува и ќе знае како да реагира на семејните рутини и активности.
  • Бебињата треба да научат да соработуваат и да споделуваат. Ако вашето бебе зграбува или удира друго бебе, дајте му до знаење дека тоа не е во ред. Покажете му како да побара и понуди играчка, или насочете му го вниманието на друга играчка или активност.
  • Користете едноставни зборови за да му дадете до знаење на вашето бебе дека неговото однесување е премногу агресивно. Запаметете, потребно е многу повторување додека вашето бебе го сфати значењето на зборот „не“.

Позитивни Родителски Стратегии за да се справите со Агресијата

  • Останете смирени.
  • Обрнете му внимание на секое дете кое можеби е повредено од агресор.
  • Осигурајте се дека никој не му се смее на детето или го забележува неговото несоодветното однесување.
  • Обидете се да откриете што ја предизивикало агресијата за да му објасните на секое инволвирано дете.
  • Кажете му на агресорот (дури ако е и бебе) зошто неговото однесување е несоодветно и покажете му што може да направи наместо тоа. 
  • Бидете упорни и истрајни, очекувајте ги последиците и не попуштајте.

Какво ќе биде детето, зависи од мене и тебе!


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama