Жената седи на крајот од креветот. Носи развлечени тренерки и маичка. Косата и е несредена и нема шминка. Ликот и е тажен, а погледот неодреден. Или можеби неколку солзи се тркалаат по образите. 

Тоа е сликата која повеќето луѓе ја гледаат кога ќе помислат на депресија. Сме научиле да веруваме во тоа како изгледа болеста од рекламите на ТВ. Депресија е еднакво на тага, плачење и очај. Ако не изгледаме како жената на рекламата, тогаш не сме ни сигурни дали сме во депресија или имаме немир. Често мислиме дека едноставно сме полуделе, или дека нешто драстично не е во ред со нас – но никако депресија.

Вистината е дека има широк спектар на симптоми кај бремените жени или новите мајки кога станува збор за пренатална или постпартална (постпородилна) депресија. „Не може сите во ист кош“, па така една жена во постпородилна депресија може да изгледа и да звучи сосем поинаку од друга. Затоа, ќе се фокусираме на 6-те симптоми на постпородилна депресија и вознемиреност.

1) Лутина – Со години наназад, најголемо изненадување кај мајките предизвикуваат бесот и раздразливоста како симптоми на постпартална депресија, иако многу од нив го искусуваат истото. Можеби тоа е затоа шти се ве нервира. Или вашето бебе, или партнерот или поголемите деца ве иритираат како никогаш порано. Можеби сакате да фрлате работи, или да им се развикате на сите. Некои мајки велат дека знаат дека не треба да бидат лути цело време, но не можат поинаку и загрижени се за тоа колку се сурови кон луѓето кои ги сакаат.

2) Поматување на свеста – За многу од нас, мозокот не функционира добро кога сме во постпартална депресија и вознемиреност. Тешко ги паметиме нештата, тешко смислуваме правилни зборови или воопшто зборови. Ниту можеме да правиме повеќе работи во исто време како порано. „ За време на мојата борба со постпарталната депресија, провозував крај СТОП знаци и додека да сфатам дека не сум сопрела веќе бев на сред раскрсница. Ако мозокот ви е во облаци и мислите дека сте згубиле барем 20 поени од коефициентот на  интелигенцијата откако се породивте, не сте сама и единствена.“, вели една мајка.

3) Црни мисли – Некои луѓе сметаат дека имаат целосна контрола над своите мисли. Не можете ни да претпоставите дека вашиот ум може да смисли мисла која вие не сакате тој да ја замисли. Потоа следат наметливи мисли, страшни мисли кои навлегуваат во вашиот ум, нешто што вие не го посакувате, и кои ве вознемируваат и продолжуваат да ве измачуваат. Обично започнуваат со помислата “Што ако“, како на пример „што ако го направам ова ужасно нешто?“ или „што ако ова страшно нешто се случи?“ Исто е како да шеташ наоколу со постојани мини-кошмари. Наметливите мисли се знак за постпартална депресија, и НЕ, тие не значат дека сте се претвориле во некое ужасно чудовиште.

4) Рамнодушност – Ако мислите дека жените во постпартална депресија се полни со емоиции, тажни и плачат постојано, а вие не чуствувате ништо, може да се изненадите. Некои од мајките велат дека чувствуваат само празнина. Само ги прават работите кои знаат дека треба да ги прават, но внатре ништо не чувствуваат. Ако сте се раздвоиле од работите кои порано ви значеле и ако ви изгледа како да лебдите над вашиот живот гледајќи го со презир и повеќе не се чувствувате како дел од него, вреди да поразговарате со вашиот доктор. Вака не треба да изгледа новото мајчинство.

5) Несоница – Спијте кога спие бебето – велат. Но што ако не можете? Шок е за новата мајка која никогаш не била позаморена во животот да не може да спие. Мислите дека на крај ќе паднете, но не паѓате. Или добро заспивате, но се будите и не можете повторно да заспиете. Сите нови мајки се изморени, но доколку не можете да спиете кога имате можност, тоа може да биде знак за постпартална депресија и вознемиреност. 

6) Физички симптоми – повеќето жени очекуваат поспарталната депресија да го нападне само нивниот ум – односно како тие се чувствуваат. Но кај некои, поспарталната депресија се манифестира и со физички симптоми. Некои нови мајки страдаат од главоболки, болки во грбот, вознемирен стомак, гадење, па дури и напади на паника што ги наведува да помислат дека имаат срцев удар. Ако одеднаш осетите болки и непријатности кои не изгледа дека се предизвикани од настинка или труење со храна или било која друга болест, тогаш тоа може да биде знак за постпартална депресија.

Како и секогаш, најдобро е да се обратите кај вашиот доктор ако ги имате овие или други симптоми на постпартална депресија или вознемиреност. Иако поспарталната депресија е вообичаена, тоа не значи дека е нормална. Не мора да се чуствувате вака како нова мајка, и постојат ефективни третмани кои ќе ве вратат на патот кон опоравување. Помислете и на оние кои ви значат, ги сакате и ве сакаат и се грижат за вас.

 
 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama