Сите мајки знаат дека мајчиното млеко е најдобра храна за бебето. Меѓутоа, постојат уште многу други факти во оваа чудесна течност кои досега, веројатно, не сте ги знаеле...

1. Заштита од болести

Доејќи го бебето, всушност го штитите од болести кои би можеле да го „нападнат“ во иднина. Еве само некои од нив: астма, ушна инфекција, инфекции на дигестивните органи, детски тип 1 дијабет, респираторни и уринарни инфекции, егзем и обезност (дебелина). Се исплати трудот, нели?

2. Го штити здравјето на мајката

Жените кои ги дојат своите бебиња помалку од 3 месеци, имаат три пати помали шанси од другите во периодот на менопауза да заболат од карцином на јајниците и дојките. Освен тоа, значително се намалува и можноста за појава на остеопороза.

3. Нема отпаден материјал

Мајчиното млеко е иделано по состав, така што бебешкиот организам го искористува скоро 100%. Бидејќи телото нема што да отфрли, не треба да ве чуди што бебето не кака и по една недела!

4. Не го прекинувајте доењето!

Докторите советуваат мајката да го дои своето малечко најмалку една година. За жал, дури 80% од жените го прекинуваат доењето по 6 месеци и преминуваат на исхрана со адаптирано млеко и кашички. Светската здравствена организација (WHO) апелира до мајките да продолжат да дојат, барем еднаш дневно, дури и по навршена годинка.

5. Составот на млекото се менува

Во почетокот на доењето, мајчиното млеко е водесто, а покасно станува по кремасто и помасно. Така природата го дефинирала ова, за прво да се згасне жедта на бебето, па потоа гладта.

6. Нема простор за срам

Ако сте во дилема дали да го доите бебето на јавно место или да го оставите да плаче додека не ископате некое место скриено од очите на јавноста, може да земете воздух: дури 17% од мајките во западните земји без срам дојат на јавно место. Тогаш, зошто не и вие?

7. Не паничете!

Повеќето новопечени мајки се жалат што во првите месец дена ништо друго не прават, освен што го држат бебето на дојка. Заради тоа паѓаат во очај, сметајќи дека се претвориле  во „фабрика“ за млеко. Не грижете се, бидејќи потребата на бебето за цицање ќе опаѓа како што ќе се зголемува количината на млеко што ќе го исцица. Затоа, бидете трпеливи.

8. Другите мајки

Ако не сте знале, мајките во афричките земји ги дојат своите бебиња и до две години! На тој начин тие ги спасуваат своите бебиња од многу смртоносни болести кои владеат во тие области.

9. Влог во иднината

Научниците докажаа дека исхраната со мајчино млеко во траење од 6 месеци го штити здравјето на вашето дете во наредните 14 години од неговиот живот.

10. Голема заштеда

Земајќи предвид  дека една кутија адаптирано млеко чини околу 600 денари и трае 3 дена, не е тешко да пресметате дека со доењето ќе заштедите околу 6000 денари месечно. На годишно ниво, тоа изнесува 72000 денари. 

Малку ли е?

11. Стимулација на рефлексите

Стручњаците ги советуваат мајките да дојат во лежечка позиција затоа што на тој начин се стимулираат дури 17 природни рефлекси кај бебето, додека во седечка позиција се стимулираат само 3.

12. Моќ на прилагодување

Иако сеуште не е докажан механизмот по кој составот на мелкото, температурата и густината се прилагодуваат на потребите на бебето, сепак тоа се случува. Кога надвор е ладно, млекото е потопло; ако надвор е претопло, млекото станува поводенасто и сл.

13. Мала количина на алкохол не штети

Најдобро е доилката воопшто да не конзумира алкохол, но ако во некој случај испие една чаша пиво или мала чаша вино, ништо страшно нема да се случи.  Меѓутоа, количината на млекото драстично ќе се намали доколку мајката секојдневно конзумира алкохол.

14. Го поттикнува развојот на мозокот

Докажано е дека бебињата чии мајки ги доеле најмлаку 6 месеци имаат 30% повисок коефициент на интелигенција од оние кои биле хранети со друг вид на млеко. Тоа е затоа што мајчиното млеко содржи материи кои го поттикнуваат развојот на мозокот.

15. Благослов за прематурците

Дури 25% од предвремено родените бебиња не би преживеале ако не се хранат со мајчино млеко. Во голем број земји постојат „банки“, во кои се собира млеко кое го донираат жени кои имаат повеќе од она што им е потребно на нивните бебиња. Оваа непроценлива течност е спас за илијадници болни и предвремено родени бебиња.

16. Собирач на вкусови

Сѐ што ќе изеде мајката, „преоѓа“ во нејзиното млеко, па така бебето преку млекото „учи“ да ги разликува вкусовите уште пред да ја проба првата кашичка цврста храна. Интерсно е тоа што бебињата чии мајки јадат лук и кромид, во просек цицаат два месеци подолго од бебињата кои не ги „пробале“ овие зачини.

17. Доењето помага при слабеењето

Ако не сте знаеле, преку доењето дневно согорувате 500 калории! Затоа жените кои редовно ги дојат своите бебиња без многу мака успеваат да се ослободат од трудничките килограми.

18. Моќен антибиотик

Не го прекинувајте доењето ниту кога сте настинати! Вашиот организам ќе призведува антитела кои ќе преминат во млекото, па преку него вашето бебе ќе биде заштитено од причинителите на инфекцијата. Доволно е само на лицето да ставите маска за да не му кивате на бебето право во лице.

19. Овесни снегулки и доење

Овесните снегулки, помешани со истолчено грчко семе (тилчец) го поттикнува лачењето на млеко.

Освен тоа, делотворен е и чајот од чичкови корења. Сево ова може да го најдете во подобро снабдените продавници за здрава храна.

20. Југот е подобар од северот

Дали е тоа заради потоплата клима или нешто друго, но факт е дека жените од југот почесто ги дојат своите бебиња од оние кои живеат на север. На пример, во јужниот дел од некои држави жените дојат повеќе отколку на северот од истите држави.

21. Натпревар во доењето

На Филипините во 2006 година се одржало државно првенство во доење во кое учествувале 3730 жени. Немало победници, бидејќи целта на натпреварот било промовирање на природен начин на исхрана :)

22. Доењето е „заразно“

Науката го докажа и следново: 92% од припадничките на женскиот пол кои како бебиња биле доени и сами ќе дојат кога ќе станат мајки. Ова се препишува на одредени супстанции во мајчиното млеко кои се задржуваат во човековиот организам  во текот на целиот живот.

23. Може, но и не мора да заштити од бременост

Да се разбереме: тоа што на женскиот организам му се потребни пет-шест недели да се опорави од породувањето, па затоа и менструацијата ја нема, НЕ ЗНАЧИ дека сте заштитени од бременост. Меѓутоа, ако го доите бебето во редовни интервали дење и ноќе, не му давате дополнителни течности или цуцла, во организмот се излачуваат одредени хормони кои ја спречуваат овулацијата. Сепак, за да бидете 100% сигурни, користете и некоја дополнителна контацептивна заштита (најдобро интраутерин имплант - спирала).

24. Ја разубавува насмевката на вашето бебе

Италијански научници дошле до заклучок дека бебињата кои цицале најмалку 5 месеци имаат поправилни заби (дури и под услов да цицале палец) од оние кои не цицале.

25. Спречува појава на дебелина

Мајчиното млеко има идеален состав, па не постои можност бебето од него да добие вишок масно ткиво. Освен тоа, се воспоставува ред во работата на дигестивниот систем на бебето кој ќе се одржи во наредните неколку години, па постои мала веројатност дека детето ќе се здебели.

26. Мајчиното млеко и жолтицата

Жолтицата се јавува кај предвремено родените и кај терминските бебиња. Со доењето се забрзува созревањето на црниот дроб и исфрлањето на билирубинот од крвотокот со што се скратува времетрањето на „жолтилото“ на кожата и очните јаболка.

 

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama