Што се добива кога ќе ја искомбинирате љубовта на една мајка кон нејзиното дете и фотографијатa? - Волшебен свет од фотографии кои ја доловуваат магијата на Happily Ever AfterНикол Лепер, мајка од Илионис, „опседната“ со бајки, се здружила со фотографката Венди Ригенс за да создадат чудесна земја од фотографии за нејзината 9-месечна ќерка, Меди.

Мајка и на Меди, Никол Лепер и Ригенс започнале да го планираат проектот за фото сесијата на Меди кога таа имала 6 месеци. Секоја недела биле во контакт, барем два пати неделно по телефон или на меил.

Многу од реквизитите кои ги нарачале се од странство, па било потребно многу планирање и координирање за да бидат сигурни дека сѐ ќе се вклопи за големиот ден. А, организацијата на шест сета со 9-месечно бебе не била воопшто лесна. „Знаевме дека со самото тоа што малата има само 9 месеци, нејзиното внимание нема да биде долго, затоа моравме да работиме брзо. И двајцата родители на Меди беа таму, па додека едниот ја пресоблекваше за наредниот сет, другиот ми помагаше да го смениме претходниот.“, вели Венди.

Не било се смешки и бурлески. Меди всушност почнала да плаче за време на фотографирањето на сетот за Снежана, но брзо се смирила кога ги забележала (и почнала да ги јаде) меурчињата. Ригенс не е фан на Фотошоп, па затоа и се потрудила повеќе за да излезат сликите перфектни право од апаратот. Всушност, единственото нешто што го додала е во сликата за Црвенкапа каде ги заменила сијалиците за да игледаат како дрва. И да, кучето е вистинско. „ Многу се сакаа,“ вели Ригенс. Ригенс и мајка и на Меди веќе ги планираат фотографиите за нејзината прва годинка, и тие сигурно ќе бидат различни од овие. Дали би сакале и вие да направите ваква фото сесија за вашето дете?

 

                                        

 

                    


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama