Да се биде татко е еднакво важно и остава скоро ист впечаток како и да се биде мајка. И таткото воспоставува врска со бебето уште од самиот почеток. Честопати кај неискусните татковци се јавуваат стравови кои лесно може да се надминат, а ние ви даваме совети за најчестите случаи.

 Се плашам да го земам бебето во раце!

Овој страв е најчест кај младите татковци, особено во случај кога се работи за првороденче. Бидејќи повеќето татковци до тогаш не виделе бебе старо само два-три дена, доживуваат „шок“ кога сфаќаат колку е мало и беспомошно. Секако, пред тоа никој не им објаснил дека бебињата не се беспомошни или слаби, како што излгедаат на прв поглед. За да се уверат во тоа доволно е да ја набљудуваат патронажната сестра која го посетува бебето првите неколку дена по породувањето.

Таа без колебање го врти и тумба бебето, при што бебето воопшто не плаче. Стравот кај татковците да го земат новороденчето пред сѐ потекнува од незнаење, а утешно е тоа што може да го совладаат доста брзо. Неговото совладување може да започне со тоа што ќе го земете бебето во вашите раце во оној миг кога ќе бидете сигурни дека е сито, потполно задоволно и мирно. За секој случај нека биде мама во близина, галете го, милувајте го и ќе видите како ќе измамите насмевка од него. Подоцна ќе ви биде многу полесно да преземете нешто и кога бебето ќе се расплаче.

Што да правам ако бебето е гладно?

Понекогаш (се надеваме не често), ќе се најдете во ситуација кога мајката нема да биде во можност да се погрижи за бебето, па вие ќе мора сами да го направите тоа. Таа, секако, ќе остави измолзено млеко кое ќе ви послужи додека таа не е дома. 

Прво и основно немојте да паничите кога бебето ќе се расплаче и треба да се нахрани, смирено и без нервоза подгответе го шишенцето и нахранете го. Лесно бебињата може да плачат многу гласно и интензивно, но секогаш имајте на ум дека ќе престане во оној миг кога ќе го земете во прегратка и ќе му го наполните мешето. Покрај ова, не се обидувајте да бидете брзи и вешти како мама, зашто само непотребно ќе се изнервирате. Таа цели девет месеци се подготвува за бебето во секој можен поглед, па немојте да се споредувате или мерите со неа. Земете го бебето во прегратка, сместете се удобно и понудете му го шишнцето (кое го подготвивте на време, а не кога ќе почне да плаче за да ви каже дека е гладно). Така ќе воспоставите конаткт со бебето во текот на хранењето.

 

Не смеам сам да го бањам бебето!

За бебето е најдобро на почетокот да го бањаат и мама и тато. Така и двајцата родители ќе изградат сигурност, а на бебето ќе му биде многу поинтересно. Исто така, многу побрзо и повешто ќе го направите ова, што е особено важно ако вашето бебе баш и не сака да се „пљаска“ во водата. Но, може некогаш да се случи тато сам да мора да го бања бебето, кога мама не е дома. Тогаш мора да ги следите правилата кои претходно било воспоставени. пред да го ставите бебето во кадичката подгответе сѐ што ви е потребно (пелена, пижамки, капа, ракавички и се разбира шишенце со млеко) Обидете се да го занимавате со некои пластични играчки. Не мора детално да го миете секој дел од телото на бебето, па тоа и не е толку нечисто. Ако бебето почне да плаче на сред бањање, немојте да паничите. Може само му влегло вода во ушите или очите. Измијте ги овие делови од лицето и продолжете со бањање. Доколку плачот не престане, извадете го од кадата, замотајте го во топол пешкир, допрете го до себе и смирете го.

 

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama