Осумгодишните дечиња покажуваат грижа за случувањата во светот, а десетгодишните стравуваат од финансиска криза, покажаа најновите истражувања на научниците од Универзитетот во Мичиген. 

Родителите често својата анксиозност ја пренесуваат на децата и така им ја „откраднуваат“ безгрижноста – сржта на детството. Треба да се одржи рамнотежа, односно да му се дозволи на детето да биде во контакт со реалниот свет, а сепак да не стане напнато и загрижено за одредени случувања. 

Пред детето покажете храброст,  дури и кога не ја чувствувате. На пример, ако се плашите од пес и дојдете во близок контакт со него, останете мирни пред детето, иако радо би сакале да побегнете. Исто така, внимателно следете што детето ви зборува за училиштето, општествената состојба, политиката... Немојте да ги замолкнувате и пуштете ги да го изнесуваат своето мислење, а потоа, на позитивен и оптимистичен начин, објаснете му го вашиот став.

До втората година, децата најмногу се плашат од необични ситуации: вода, осветлување, недостаток од внимание, непознати личности и сл.

Од три до пет години се плашат од духови, чудовишта под креветот, ноќни кошмари.

Од пет до осум години се плашат од животни, од растење и развој, како и од сè oна што ги опкружува. Децата на оваа возраст се свесни дека се мали и ранливи, иако се подвижни.

Од девет до единаесет години се плашат од повреди, инјекции, забар...

 

 

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama