Што сакаат вашите златца во нивните (некршливи) чинии можеби не е токму тоа што вие би преферирале тие да јадат - дури и ако обожаваат зеленчук.

На пример, Isabella, Gia и Stella, трите најмали ќерки во големото семејство на Matt Damon, се гагаат за зеленчук, но не сакаат да јадат ништо друго! „Понекогаш не можам да ги натерам да јадат проетини или мало парче риба затоа што луди се по брокула,“ вели тој. Како другите славни личности се справуваат со малите пребирливковци и чудните опсесии со храна? Продолжете да читате...

 

Maddox, Pax и Knox Jollie-Pit

Кога оваа слвна фамилија патува, честпати се наоѓаат на егзотични дестинации, како Југоисточна Азија, и барем малите момчиња во бандата развиле вкус за локалните специјалитети. „Моите момчиња обожаваат да јадат штурци. Тоа им е омилено нешто.“призна Angellina. “Морав буквално да го забранам јадењето на штурци, затоа што ми беше страв да не им се слоши од премногу.“ Но мајката на шесте знае зошто нејзините синови уживаат во штурците -таа вели дека тие имаат вкус на чипс.

 

Honor Warren

Најстрата ќерка на Jessica Alba ги прошири нејзините кулинарски хоризонти сега кога е во предшколска возраст, но кога беше помала, беше многу спесифична кога стануваше збор за нејзиното дневно мени. Нејзината мајка, на Twitter пиша дека Honnor сака да го започне денот со овесни снегулки потопени во млеко од бадем. На страна? Сланина! За вечера, вкусот на Италија во форма на лазањи и обарен зеленчук со маслиново масло и сол. Сега кога има четири години, нејзиниот избор за пиење е газирана вода со вкус, но најверојатно само затоа што мисли дека и возрасните колу неа истото го пијат.

 

Bear Jarecki

Што јадеш, тоа си, и ако си малото момче на актерката Alicia Silverstone, ти исто така тоа што таа јаде. Малиот и неговата приземна мамичка стигнаа до насловните страници кога таа беше фатена на камера како го храни детето во птичји стил. Но детето на оваа ѕвезда сака се што доаѓа од устата на неговата мајка. „Го хранам Bear со моки (јапонско јадење) и малку зеленчук од мојата уста во неговата. Тоа му е омилено, а и на мене,“ признава Alicia. Како знае? „Тој буквално лази низ собата за да ја напдне мојата уста ако јадам.“ Чудно нели?

 

Harlow Madden

Домот  на Nicole Richie, кој таа го дели со својот рокер, Joel Madden, и нивните две деца, Harlow и Sparrow, е дом без шеќер и без млечни прозиводи, па си мислела дека ќе биде тешко така да остане откако ја однела ќерка си на родеденска забава. „Имаше торта со розов прелив и боровинка на врвот. Harlow ја здогледа и очите ѝ се ококорија, „ рече мајката.  Но, слаткиот прелив не било она што ѝ го привлекло вниманието на малата Harlow. „Таа извика, 'Боровинкиии!'“ Слатка малечка со локни среќно си изела цела рака боровинки наместо благиот десерт.


 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama