Не е лесно да се биде постојано мета на фотоапаратот кој ќе ги бележи моментите на родилтество - какво и да е тоа. Ваква среќа имаат и Холивудските татковци, деноноќно следени од папараците.

Фановите гласале за Холивудски татко кој заслужува награда за Најтатко во Холивуд за  2013т. Одделивме неколку за да ги споделиме со вас. На крај, одлуката е ваша :)

1. Бен Афлек

Најомилен од  сите е дефинитвно Бен Афлек - татко на Вајолет,7,5 месеци, Серафина, 4 години, и Самјуел, 15 месеци. Едноставно може да го видите уживањето во неговите очи на сликите од него како си игра или држи своите деца. Изгледаат како среќно, нормално семејство и едноставно кога ги гледаш прават да се чувствуваш добро.

 

2. Бред Пит

Татко на 6 деца е уште еден од омилените холивудски татковци, особено во сјајот на својата свршеница Анџелина Џоли. Потребен е посебен човек кој ќе посвои и ќе ги сака децата како свои. А згора на тоа наоѓа и време за нив и одлично ги одгледува сите посебно.

 

3. Мет Дејмон

Горд татко на 4 деца, а неговата љубов е толку скапоцена. Посветен татко кој се грижи за своите ќерки и за ќерката на неговата сопруга од претходната врска.

 

4. Вил Смит

Секогаш е со своите деца и тие изгледаат секогаш среќни. Тој е поврзан со своето семејство што придонесува до убавото однесување на неговите деца. Тој не користи пцовки и внимава на јазикот.

 

5. Дејвид Бекам

Секси таткото е повеќе од светска фудбалска ѕвезда. Тој е навистина фокусиран татко,  посветен на своите 4 деца. Тој им помага на своите деца да имаат здрав животен стил и секогаш да имаат насмевка на лицата.

 

6. Хју Џекман

Тој како постојано да прави нешто со своите деца. Зафатен татко на две деца. Тој е многу нежен, фин татко исполнет со љубов на сите слики со своето семејство. На сите слики или си игра со децата, или ги држи за раче или им дозволува да играат „Дии коњче“.

 

7. Џони Деп

Ретко може да ги видите неговите деца, но  токму затоа многумина и го сакаат како татко. Тој е еден од неколкуте кои не ги „продаваат“ сликите од своите деца за да се промовираат. Тој ги заштитува децата и го одбира најдоброто за нив, а воедно прави и филмови кои може да ги гледаат.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama