Трката започнува со љубовниот чин. Десетици милиони сперматозоиди брзаат на патот во лов кој на крај може да доведе до судбоносна средба и ветување за нов живот.

Само еден може да победи. Другите ќе ги завршат своите животи за неколку дена. Во маратонот за трка за живот нема утешни награди. Само еден победник ќе навлезе во јајце клетката. 

Сперматозоидите се движат со мрдање на опашките низ опасната стаза со пречки, киселоста на вагината, цервиксот и матката.

Пречките земаат многу животи. Бавните и слабите се предаваат.  Други скршнуваат од патот, одат во други насоки или влегуваат во стапици. Патот се дели на два јајцеводи, но само во едниот од нив чека јајце клетка.

Не се потребни само издржливост и талент, туку ова патување бара и многу среќа.

Силните струи ги попречуваат сперматозоидите да продолжиат понатаму. Фоликулите на ѕидовите од матката заробуваат голем број од нив и ги задржуваат.

Конечно, на крајот од тунелот, како мистериозна ѕвезда - јајце клетката. Нападот на сперматозоидите е безмилосен. Секоја клетка од спермата во себе носи мистериозен материјал - секоја можеда креира уникатно човечко суштество различно од кое било во светот.

Сега има само 100 спрематозоиди кои останале да се борат со јајце клетката, но само еден може да продре низ заштитната обвивка на јаце клетката. Со крајни сили, еден конечно успева да влезе. Тоа е победникот.

Откако јајце клетката е прободена, се зацврстува и станува  непроодна. За другите сперматозоиди, патот завршил со неуспех. За победникот, ова е почеток. Сега ја отфрла непотребната опашка и материјалот, и слободен е.

Генетскиот материјал од таткото се спојува со генетскиот материјал од мајката. Се создава нова и уникатна клетка: оплодена јајце клетка. Во овој момент, скоро сите карактериситики на бебето се дефинирани и развојот на бебето започнува. 

 

{qtube vid:=_2MFFzldkYQ&NR}

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama