Секоја брачна двојка и секоја жена во одреден миг од животот посакува да има потомство. Зачнувањето на бебето претставува значаен пресврт во животот на жената. Поради тоа, пред зачнувањето се препорачуваат одредени подготовки со цел побезбедна и полесна бременост и здраво бебе.

Кога ќе решите да забремените, пожелно е да направите некои рутински анализи и проверки, кои ќе Ви обезбедат посигурна и поздрава бременост. Се препорачува најмалку три месеци пред планираната бременост да се употребуваат таблети фолна киселина, за правилно формирање на невралната цевка кај плодот, и тоа во доза од 400 микрограми дневно.
Дури и ако сметате дека сте здрави, посетата на докторот пред да забремените е добра идеја. Поопширен преглед на гинеколог е сосема доволен за да утврдите дека се е во ред со вашето тело или да ве насочи каде и што да испитате пред да забремените. Прегледот ќе открие дали имате некоја сексуално пренослива инфекција како HPV инфекција, кламидија, трихомонијаза, генитален херпес, Хепатит Б, сифилис или гонореа и други.     Ќе треба да го информирате гинекологот за вашата лична и семејна медицинска историја, лековите кои ги земате, претходни бремености и нивен исход. Може да ги споделите и информациите за вашиот животен стил, начинот на исхрана и сл. Особено важно е да се споменат консумирањето алкохол и пушењето како многу штетни фактори кои делуваат на плодот во тек на неговиот развој.
Посетата на доктор е добра идеја и доколку боледувате од астма, длабока венска тромбоза, депресија, дијабет, епилепсија, срцево заболување, зголемен крвен притисок, бубрежно пореметување, пореметување на тироидната функција, автоимуни заболувања (системски лупус, ревматоиден артрит) и други. Дури и да имате некое од горенаведените пореметувања, може да забремените, само мора да се преземат некои дополнителни мерки на претпазливост.
Најважно е пред да забремените да бидете информирани и да прашате за се што сакате да знаете. Лулка ќе ве информира и ќе одговори на сите ваши прашања.


PreMama Duo 250x250

 

 

ikonka

newsletter archive icon 2

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama