За да дојде до оплодување неопходно е мажот и жената да имаат сексуален однос кон средината на месечниот менструален циклус, кога вообичаено доаѓа до ослободување на јајце-клетка од јајниците на жената.
Оплодувањето е комплексен физиолошки процес кој се одвива во организмот на жената. Овој израз подразбира спојување на женската јајце клетка со една од семените клетки (сперматозоиди) на мажот, по што следи нејзино вгнездување во ѕидот на матката (бременост). Генетскиот матерјал (или ДНК) на оплодената јајце-клетка е изграден од две половини, од мајката и од таткото. Двете половини заедно градат еден единствен организам, бебето што ќе се роди по 9 месеци.
Природата овозможила плодот да се вгнезди во матката иако е потполно различен од мајчината ДНК. Било која материја која е различна, во организмот е третирана како страно тело и се уништува од нејзиниот имунолошки систем. Новиот организам, т.е. плодот, не само што не бива уништен, туку ги добива и сите потребни услови за раст и развој од мајчиниот организам. Понатаму преку стадиумите на бластоциста, ембрион и фетус се развива бебето. Од бластоцистата се формира плодот и сите структури кои се значајни за исхраната и развојот на плодот, како што се плацентата и заштитните плодови обвивки (водењак).
Постојат многу интересни анимирани прикази за тоа како настанува зачнувањето и како започнува бременоста...