Опкружени сме со едно цивилно општество кое секојдневно пропагира  родова еднaквост и едукативен модернизам, општество кое се краси со епитети на прогресивна медицина, технолошки развој и индустриски подем.

Законодавно-правната рамка која ги регулира правата на работникот за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство опфаќа повеќе закони како што се Законот за работните односи, како lex generalis, потоа Законот за здраственото осигурување, Законот за семејство и др.

Под вршење на родителско право се подразбира превземање на дејствија со кои се исполнува содржината на правата и должностите на родителите кон нивните малолетни деца, и на децата над кои им е продолжено родителското право.

Од оваа година со Законот за работните односи се зголемува заштитата и сигурноста на бремените жени, доилки, мајки, татковци и посвоители во однос на можноста и постапката за откажување на договорот на вработување од страна на работодавачот.

Одредби за родителското право, односно за правата и должностите на родителите и децата, во главно, се наоѓаат во Законот за семејство, Законот за лично име и Законот за облигационите односи (ЗОО).

Законот за работните односи предвидува посебна заштита на бремените жени, доилки, мајки и родители. Паралелно со тоа, кандидатките за вработување и работничките  уживаат посебни права токму поради нивната состојба и својство како бремени жени, мајки и родители.

Институтот „посвојување“ е нормиран во Законот за семејство и доуреден со правилници донесени од Министерството за труд и социјална политика. Законот за семејство не содржи дефиниција на овој институт.

Законот за работните односи, Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и Законот за еднакви можности на мажите и жените ја моделираат правната рамка за заштита од дискриминација на бремени жени и мајки како кандидатки за вработување и работнички.