Составен дел од прегледот кај гинекологот-акушер во текот на бременоста е и прегледот на ултразвук. Вообичаеното дводимензионално ехо сеуште има најголема примена во гинекологијата и акушерството и дава приказ на структурите во стомакот на мајката во две димензии (пресек во една рамнина).

 

Со развојот на ултразвучната технологија и гинеколошкото ехо доживеа значајни промени. Воведувањето на тродимензионалното ехо донесе значајно подобрување на сликата на плодот при прегледот. Тродимензионална слика кај овие апарати се добива со регистрирање на поголем број пресеци и нивно компјутерско обработување во еден графички тродимензионален приказ. Резултатот од испитувањето на 3D ехо е слика која прикажува широчина, височина и длабочина на набљудуваната структура. Со поврзување на повеќе вакви слики во секвенца се добива 4D ултразвучен приказ (уште наречен динамичко 3D – 3D Live). Притоа се добива слика на лицето на бебето, се гледа како тоа го цица прстот, како се смее и слично.

3D технологијата има големо значење во интимното поврзување на мајката и бебето уште пред раѓањето. Исто така 3D ехото претставува уште една алатка во рацете на докторот која му овозможува уште подобар преглед на бебето во текот на бременоста. Со тродимезионалното ехо појасно се визуелизираат дефектите на горната усна (т.н. зајачка уста), дефектите на невралната цевка (спина бифида), полидактилијата (прекуброен прст), деформациите на стапалата на фетусот во текот на бременоста и слично.

 

 

Приказот на плодот во 3D ехо сеуште зависи од многу фактори, меѓу кои и вештината на докторот кој гледа, количеството на плодова вода, позицијата на плодот во матката и обезноста (дебелината) на трудницата. Важно е да запаметите дека прегледот со 3D и 4D ултразвук е дополнување на рутинскиот гинеколошко-акушерски преглед и никако не може да ги замени редовните прегледи во бременоста.

 

 

Голема благодарност за позајмените ултразвучни слики на Др. Оливера Арнаудова (ПЗУ Деметра Медикал - Скопје)


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama