Во поново време атрактивноста на сончањето е се помала, генерално поради фактот што е утврдено дека потемнувањето на кожата е всушност заштитна реакција од штетното UV зрачење..

Во подлабокиот слој на кожата се наоѓаат специјални пигментни клетки – меланоцити. Овие клетки содржат меланин, материја која го дава пигментот, т.е бојата на кожата. При изложеност на UV зраци меланинот во кожата претрпува промени, па ние добиваме потемна боја на кожата.

Директната изложеност на сонце, особено кај оние луѓе кои се со посветол тен (скандинавците) може да предизвика рак на кожата. Постојат информации дека сонцето исто така го забрзува и стареењето на кожата, а тоа се разбира дека никој не го посакува.

Како и да е, во текот на бременоста кожата е поосетлива на сончевите зраци, па и сончањето е препорачливо да се одбегнува. Кожата е понежна, поосетлива на сонце и полесно гори. Кај трудниците е забележана поголема активност на хормонот MSH (Мелано-стимулирачки хормон) кој го рагулира метаболизмот на пигментот меланин. Затоа кај трудниците и нормално доаѓа до потемнување на кожата на одредени делови на телото. Доколку се изложите на сонце во бременоста, може да дојде до поизразена појава на клоазми (темни дамки на кожата на лицето), поизразена линија на стомакот под папокот, може полесно да изгорите и да добиете нерамномерна боја (тен) на кожата. 

Поради ова се препорачува доколку сте бремени на плажа, да избегнувате лежење на сонце и претежно да престојувате во сенка. Најдобро е на плажа да одите пред 11 часот или по 17 часот. Престоите во вода нека Ви бидат пократки, со цел да не изгорите додека се забавувате во вода. Секако, обавезна е заштитата со средство со висок UV фактор, кое треба да се нанесува повеќе пати во текот на денот, без разлика дали сте на плажа, во кафуле или се шетате во текот на денот ден. За секоја трудница е задолжително носење на капа и наочари за сонце, и секако не смеете да тргнете без да понесете доволно течности за освежување.

Внимавајте на опасноста од прегревање и дехидратација. Во бременоста дехидратацијата е штетна и за мајката и за бебето. Доколку дојде до дехидрација, опаѓа крвниот притисок и протокот во постелката се намалува, па така и бебето е засегнато од ваквата состојба. Затоа треба квалитетно и добро да јадете, да внесувате доволно течности додека сте на плажа и без одложување да се повлечете од плажа тогаш кога ќе почувствувате дека ви е доволно.

Во научните кругови постои теорија дека сончањето троши повеќе фолна киселина, па се препорачува избегнување на сончањето и/или земање суплемент на фолна киселина доколку сте на одмор во првите месеци од бременоста или планирате да забремените.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama