Телото на жената претрпува одредени промени во текот на бременоста. Повеќето од овие промени се нормални, физиолошки. Најголем дел од промените настанати во бременоста се нормализираат по породувањето. Постојат одредени промени кои спаѓаат во рамките на патолошкото т.е. се знак на болест или компликации во бременоста.
Доколку ги забележите, неопходна е консултација со доктор. Меѓу нив спаѓаат:
- Намалена подвижност на бебето во стомакот на мајката;
- Долготрајна упорна главоболка;
- Подолго повраќање, вртоглавица, пореметување на видот;
- Појава на отоци на рацете и нозете;
- Намалување на количеството на урина;
- Појава на тахикардија;
- Појава на грчеви или тресење на рацете и нозете (тремор);
- Болка во долниот дел на стомакот;
- Појава на контракции на матката;
- Вагинално крварење;
- При било која друга болест или инфекција;
Мора да знаете дека било какво неконтролирано внесување на лекови или други лековити препарати во текот на бременоста може да му наштетат на вашето бебе. Затоа, секогаш е најдобро да го посетите вашиот гинеколог и да се консултирате во врска со вашата состојба.