Една од трите програмски насоки на кои работи организацијата Лулка е промоција, заштита и поддршка на доењето во Република Македонија. Лулка работи на обезбедување соодветни информации за трудниците во текот на бременоста и поддршка на доењето по породувањето.

Во прилог на нашите заложби, на ТВ Телма, во емисијата 0м+ Др Денис Ал Кхалили од организацијата Лулка разговара за значењето и бенефитите на постоењето на банка за мајчино млеко. Во одредени случаи кога тоа го налага здравствената состојба на бебето или мајката, банките за донирано мајчино млеко играат голема улога, бидејќи најдобрата храна за бебињата е токму мајчиното млеко.  

Погледнете ја целата емисија и дознајте повеќе за овaa важнa темa!