Болката во стомачето на доенчињата се карактеризира со повторувачка болка во мешето и напади на плачење. Болките обично почнуваат од 10. ден и траат до крајот на 3. месец.

Доколку има болка бебето плаче. При плачењето голта воздух, па болката се повторува како резултат на проголтаниот воздух. Состојбата се повторува доколку мајката не успее да го истисне проголтаниот воздух од цревата на бебето. Освен присуство на воздух во цревата, причина за болка во стомачето може да биде и растегањето на цревата од прејадување. Причина за болки може да биде и кравјото млеко доколку бебето се храни со такво млеко. Употребата на кравјо млеко е апсолутно непожелна и не е замена за мајчиното млеко или млечната формула. Исто така, може да се забележи почеста појава на болки кај хиперактивните, нервозни и напнати новороденчиња, а присуството на анксиозност и нетрпеливост кај родителите може да ја влошат состојбата.

Како да му помогнеме на бебето при болка во стомачето?

Пред се, треба да се истисне проголтаниот воздух од стомачето. Истиснувањето на воздухот се прави со држење на бебето исправено или легнато на стомаче, со нежно тапкање по пелените. Проголтаниот воздух може да се отстрани и со подригнување , така што ќе се постави бебето преку рамо со стомачето кон рамото на мајката и се врши притисок на долниот дел од стомачето на бебето со нежно тапкање по грбот.

Доколку бебето се храни преку шише со цуцла, треба да внимавате на отворот на цуцлите. Отворот не смее да биде премногу мал ниту пак голем. Доколку тече многу млеко, бебето мора брзо да голта, па голта и многу воздух кој потоа прави болки во стомачето.

Како можно решение за спречување на болката во стомачето може да се обидете и со промена на положбата при доење. Можно е во одредени положби бебето да голта повеќе воздух, па доколку се промени положбата може да се намалат и болките во стомачето. Може да се обидете и со промена на типот на млекото, ако се храните со млечна формула. Доколку бебето тоа млеко го обработува со појава на грчеви во мешето, обидете се со друго, можеби тоа повеќе ќе му годи и ќе се намалат болките во стомачето.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama