Ексклузивното доење е многу важно за правилен развој на бебето во првите 6 месеци. Давањето друга храна во овој период може кај бебето да предизвика проблеми во развојот и слабо напредување во тежина, дијареа, алергиски реакции и друго.

Единственото нешто кое му е потребно на бебето, а не е доволно застапено во мајчиното млеко е витаминот Д. Овој витамин е значаен за искористување на калциумот од храната (млекото) и негова правилна распределба во коските на бебето. Главната цел со која на бебињата им се дава витамин Д е превенција или лечење на рахитис (болест на меки коски).

Еден од знаците за отсуство на витамин Д е побавно затворање на големата предна фонтанела на главчето. Тоа е меката точка на темето на бебето. Со правилен развој на коските и со доволен внес на витамин Д овој отвор на черепот на бебето се затвора и окоскува, најчесто до првиот роденден на бебето. Витаминот Д е застапен во секојдневната исхрана, особено во морските риби, но овој вид храна не се препорачува кај бебињата пред да наполнат една годинка поради опасноста од алергии.

Од препаратите со витамин Д, кај нас најчесто се користат два: капките Вигантол и капките Д3. Дозата која треба да се користи ја одредува докторот во зависност од состојбата на детето. Витаминот Д му се дава на бебето во вид на капки секој ден од самото раѓање. Капките е пожелно да се даваат наутро, непосредно пред или по подојот. Кај повеќето деца капките се користат секој ден до возраст од 1 година. Витамин Д понатаму им се дава на децата секоја зима до 7 годишна возраст, во вид на рибино масло или перли АД.

Сончевата светлина и чистиот воздух помагаат во искористувањето и транспортот на витаминот Д во организмот. Затоа, значајно е бебињата околу 4 недели по раѓањето да почнат да се изнесуваат надвор, на чист воздух и постепено да се изложуваат на сончева светлина. Во летниот период, кога сончевите зраци се посилни, бебето треба да се изложува на сонце само во одредени периоди од денот, наутро или попладне.

 

Д-р Вида Фотева
Педијатар
 

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama