Од 5 – 7 месеци по раѓањето енергетската вредност на нутриентите во мајчиното млеко, т.е. во млечната формула  веќе не е доволна за да се задоволи брзиот раст и развој на доенчето.

Првите нутриенти кои недостигаат во исхраната при доењето се железото и цинкот. Затоа и се започнува со внесување на кашеста/цврста храна  помеѓу навршени 4 и 6 месеци, но никако пред 17. недела или по 26. недела по раѓањето. Тоа значи дека секое доенче треба да започне со јадење кашеста храна до навршена 26. недела од животот. Доењето може да продолжи, но треба постепено да се намалува за сметка на новововедената храна.

По навршени 6 месеци, доенчето е веќе развиено за да може да се учи да јаде со лажичка. Секоја нова намирница се воведува постепено и тоа еднаш дневно во помали количини (1-2 лажички), најпрво во потечна состојба. Новите намирниици се воведуваат на растојание од една недела, за доенчето да се навикне на новиот вкус, како и за да се утврди од која намирница е предизвикана евентуална преосетливост доколку настане.

Нови оброци кои треба да ги воведете во следните 2-4 месеци се кашичка од зеленчук, компир и месо за ручек, млечно-житна кашичка за вечера и житно-овошна кашичка како попладневна ужинка. Овие оброци се воведуваат  така што три пати, на растојание од 1 месец, по еден млечен оброк се заменува со нов оброк. Препораките важат за здравите доенчиња кои добиваат на телесна тежина и висина во склад со препораките.

М-р. Д-р. Ангелчо Андоновски

 

 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama