Неодамна се објавени долгоочекуваните нови правила на Американската агенција FDA во врска со средствата за заштита од сонце.

Претходниот правилник датираше од поодамна, па во јавноста се очекуваше нов правилник кој ќе биде во тек со најновите истражувања.

Во овие нови правилници се вметнати најновите сознанија поврзани со изложеноста на сонце кај децата и возрасните, опасноста од изгореници, стареење на кожата, заштита од појава на карцином на кожата итн. 

Важно е да се спомене дека според новите правилници средствата за заштита од сонце, покрај UVB, треба да содржат и заштита од UVA зрачењето. Од неодамна е утврдено дека UVA зраците претставуваат исто толкава опасност за кожата како и UVB, бидејќи делуваат длабински и имаат улога во стареење на кожата кај возрасните. Ова зрачење, за кое порано немаше сознанија дека делува штетно, го дава сончаниот темен тен на кожата. Поновите испитувања реферираат дека со своето длабинско дејство UVA имаат и канцероген ефект, најчесто кај возрасните, преку делувањето врз меланоцитите (пигментните клетки). 

Новиот FDA правилник налага секој производител на своите производи да нагласи дали обезбедува само UVB заштита или заштитува и од штетното UVA зрачење.

Има новини и во бележењето на заштитниот фактор. Од сега заштитниот фактор може да има вредност најмногу до 50, а сите средства кои имаат поголем фактор ќе бидат означени со бројот 50+. Истражувањата утврдиле дека високите вредности на заштитниот фактор над 50 немаат докажано значење во заштитата на кожата од сонце.

Понатаму, производителите од сега имаат право да напишат дека нивниот продукт штити од рак на кожата само доколку нуди заштита од UVB, UVA и има заштитен фактор над 15. Нагласуваме дека податоците и правилниците на FDA важат само на територијата на САД.

Ви посакуваме убаво лето и безбеден одмор со Вашите бебиња и деца.

 

 

 

 


 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama