Развојот на бебето е континуиран процес. Промените кои започнуваат уште пред раѓањето продолжуваат во рамките на развојот на бебето.

Пред се, мора да се потенцира континуираниот  развој на централниот нервен систем (мозокот). Во текот на развојот на бебето и подоцна во детската возраст, постојано се развиваат индивидуалните физички и ментални способности. Како пример за ова ќе ги споменеме примитивните рефлекси кои се застапени во најраната возраст, а подоцна исчезнуваат, како и недостатокот на некои виши функции кои се развиваат подоцна, на одредена возраст по раѓањето.

Развојот на бебето опфаќа повеќе компоненти, како што се социо-емоционалниот развој, комуникацијата на детето со околината, развојот на моторните функции и движењата, видот, слухот и друго.

Во понатамошниот текст Ви ги презентираме најзначајните развојни компоненти и функции. На тој начин сакаме да Ви помогнеме да го разберете развојот на Вашето дете и навреме да реагирате доколку постои одреден проблем.

Развојот на детето на возраст од 6 месеци

Социо-емоционален развој

  • Бебето е пријателски располжено кон непознати, но малку повоздржано кога родителите не се во негова близина
  • Рачињата ги става на гради или на шишенцето додека пие и можеби нежно го тапка
  • Селективно одговара на емоционалните тонови на гласовите на родителите
  • Се смее, се насмевнува и писка
  • Испитува со главата и очите

Комуникација

  • Ја врти глава кон гласот на родителите, дури и ако тие се на другиот крај од собата
  • Дрдори користејќи еден слог или повторувајќи повеќе исти слогови
  • Го лоцира звукот со погледот (изворот на звукот треба да е на далечина од 50 cm од увото)

Вид

  • Бебето со очите ги следи активностите од едната до другата страна на видното поле
  • Обете очи ги движи заедно

Моторни движења на рацете

  • Предметите ги фаќа со цела рака, има фат со дланката
  • Посега со обете раце по предметот кој е на далечина од најмногу 30 cm
  • Префрла предмет од едната во другата рака

Моторни движења на нозете

  • Бебето силно клоца
  • Наизменично клоца со обете нозе
  • Кога лежи на грб, се влече нагоре доколку му ги фатите рацете
  • Кога лежи на стомак, се потпира на оптегнати раце и силно ги подига главата и градите
  • Со посилен замав се превртува на грб
  • На кратко самостојно седи
  • Кога го придржувате при седењето, главата и грбот ги држи исправено
  • Кога лежи на грб, нозете ги дига до градите и може едната нога да ја фати и да ја стави во уста

 

Развојот на детето на возраст од 1 година

Социо-емоционален развој

  • Детето ги подава предметите што ќе му ги побарате
  • Имитира гестови со рацете и лицето (на пример мафта па-па, плеска со рацете, ги затвора очите и слично)
  • Ви помага при облекувањето подавајќи ги рацете и нозете
  • Покажува љубов кон познатите лица

Движење со раце

  • Детето може да држи лажица, но потребна му е помош за да ја употреби
  • Става и вади коцки од кутијата
  • Со палецот и показалецот подига мали предмети или храна
  • Со показалецот покажува кон предметите кои ги сака
  • Слободно ги користи обете раце, но ја претпочита едната

Други движења

  • Детето станува и седнува само, придржувајќи се на предметите во непосредна близина
  • Може самото, без помош, да стои неколку секунди
  • Добро седи неограничено долго
  • Ползи на сите четири екстремитети
  • Подоцна може да оди без придржување

Комуникација

  • Детето ги имитира игривите звуци кои ги користат возрасните
  • Го препознава своето име и се врти кон оној што го повикал
  • Следи едноставни инструкции како: Дај и го на мама, ела кај тато итн.
  • Плеска со рацете во моменти на задоволство
  • Си дрдори менувајќи ја висината на тонот

Вид

  • Детето ги препознава познатите лица на 6 метри и подалеку
  • Внимателно гледа мали играчки кои ги влечете на подот на далечина од 3 метри

 

Развојот на детето на возраст од 18 месеци

Социо-емоционален развој

  • Детето веќе ја држи и ја подига чашата со двете раце
  • Пие од чаша без да истура
  • Самото ги соблекува чевлите, чорапите, капата
  • Детето имитира познати движења како метење, бришење прашина, читање и сл.
  • Детето само си се забавува, но претпочита да биде во близина на возрасен
  • Постојано е помеѓу зависноста од родителите и самостојноста

Комуникација

  • Детето веќе изговара 6 до 20 препознатливи зборови
  • Сака песни за деца и се придружува во пеењето
  • Детето го повторува последниот изговорен збор
  • Самото си зборува додека игра
  • Ужива во сликовниците
  • Посочува на 2 – 3 нешта на себеси или на куклата (како очи, нос, коса и сл.)

Движења

  • Детето веќе шкрта со молив на хартија
  • Гради кула од три коцки (откако ќе му се покаже)
  • Штом ќе ги здогледа, ги подига малите предмети и парчиња хартија
  • Се почесто ги испитува предметите со рацете отколку со устата
  • Може да турка и влече големи предмети
  • Детето веќе оди со малку расчекорени нозе
  • Може да стори две нешта одеднаш, на пример да дигне поголем предмет и да оди со него
  • Се качува на голем стол, се врти и седнува
  • Може да слегува по скали, влечејќи се назадечки

Вид

  • Фиксира поглед на топка која се тркала на 3 метри и оди да ја донесе
  • На отворено (надвор од дома) посочува на далечни предмети

 

Развојот на детето на возраст од 2 години

Социо- емоционален развој

  • Користи лажица кога јаде само
  • Добро џвака
  • Самото подига чаша, пие и повторно ја спушта
  • Детето е многу посесивно кон играчките, не сака да ги споделува
  • Игра блиску до другите деца, но не и со другите деца
  • Кога е уморно или исплашено, се припојува до тој кој го чува
  • Детето на оваа возраст покажува знаци на бес кога ќе се исфрустрира, но лесно може да му се одвлече вниманието
  • Бара многу внимание од оној кој се грижи за него

 

Комуникација

  • Детето ги сака едноставните игри на преправање
  • Користи 50 или повеќе препознатливи збора
  • Сврзува два или повеќе збора за да оформи реченица
  • Постојано прашува: Што е тоа? Што е ова?
  • Се вклучува во пеењето песни за деца
  • Себе си се вика по име
  • Посочува и ги повторува имињата на телото, како нос, очи, коса, нога, уста и слично
  • Разбира едноставни наредби и разговор

Моторни движења

  • Ја вади обвивката од колаче или чоколадо
  • Гради кула со 6 коцки
  • Се обидува да направи вертикална линија со боици на хартија
  • Врти страници во книга една по една
  • Може да подигне од подлогата ситни предмети, дури и трошки
  • Трча газејќи на целото стапало, може да застане и пак да продолжи да трча лесно заобиколувајќи препреки
  • Се качува по скали држејќи се за оградата (со двете нозе на секоја скала)
  • Влече играчка на тркала со врвца, нанапред и наназад
  • Може да фрли мала топка
  • Се судира со поголема топка кога сака да ја шутне

Вид

  • Именува познати мали предмети на далечина од 3 метри
  • Ужива во сликовниците и посочува во деталите доколку му речете

 

Анета Копачева
Дипломиран педагог

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama