Во летниот период голем број семејства со своите најмили одат на одмор. Езеро или море, летните авантури секогаш се придружени со изложување на сонце, кое може да биде причина за непријатности кај најмалите летувачи.

Мерките за заштита на децата од сонцето се апсолутно неопходни доколку решите да излезете на сонце, без разлика дали сте на одмор или дома. Кај бебињата помали од 6 месеци неопходна е комплетна заштита од сонцето, која опфаќа покриеност на телото со лесна облека и седење исклучиво во дебела сенка. Рехидратацијата е многу важна. Доколку го доите бебето тоа треба да го правите почесто. Кај поголемките бебиња кои веќе ползат или почнуваат да одат неоходно е ставање капче за заштита, во случај да решат да прошетаат. И тие треба да бидат облечени во лесна облека и да бидат намачкани со заштитен фактор (SPF) над 30. Децата поголеми од 1 годинка може да бидат краткотрајно изложени на сонце, но исклучиво пред 10 и по 18 часот, да пијат многу течности и да бидат целосно заштитени со заштитна крема за бебиња со висок UV фактор

.

 

 


 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama