Исхраната на Вашето дете мора да ги обезбеди сите нутриенти и енергија неопходна за здрав раст и развој на детето.

Знаеме дека она што го јадеме влијае на нашето здравје и на нашето тело. Кај доенчињата тоа е уште поважно: поради се уште недоволно развиениот систем за варење на храната и на имунолошкиот систем, доенчето е значително поосетливо на тоа каква храна јаде. Последиците од неправилниот внес и исхрана на бебето може да бидат монентални (пролив, повраќање, запек), или пак помалку видливи последици кои се манифестираат по неколку години (гојазност, астма, срцеви заболувања итн.).

Бидејќи исхраната е исклучително важна и затоа што здравите навики за исхрана се стекнуваат уште во детството, важно е да обезбедите правилна исхрана на Вашето дете веднаш по раѓањето. Од самото раѓање до навршување на 6 месеци најважна храна во животот на Вашето дете е млекото. По навршување на првата година од животот, храната е веќе иста како и кај останатите членови на семејството.

Едно од позначајните прашања е како и кога треба да преминете од исхрана со мајчино млеко, односно почетна млечна формула на кашеста, тврда и мешовита исхрана...

 
М-р. Д-р. Ангелчо Андоновски
 
 

 


 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama