Понекогаш може да дојде до црвенило и промени на кожата кај бебињата и децата дури и кога се преземени сите мерки за заштита од сончевите зраци.

Дури и да имате нанесено фактор и ги преземете сите заштитни мерки, доволно е само неколку минути бебето да биде изложено на сонце за да добие полесни изгореници. Полесните случаи се проследени со црвенило на кожата, а кај потешките може да дојде до појава на пликови и покачување на телесната температурата.

Доколку Вашето бебе се здобие со полесни изгореници од сонце најпрво треба да го заштитите од сонцето со тоа што ќе се поместите во поголема сенка. Мора да му дадете да пие многу вода, а доколку е помало од шест месеци треба почесто да го доите. Може да помогне и ставањето облоги со млака вода. Не се препорачува мачкање на кожата со кисело млеко, јогурт и слично.

Едноставно и ефикасно разладување ќе постигнете со бањање на бебето во млака вода.Ладната или многу топла вода може да предизвикаат болка и иритација на осетливата детска кожа. Десетина минути млака купка на детето ќе му делува многу освежувачки. Доколку детето има температура може да дадете сируп парацетамол, но доколку се појават посилни изгореници и пликови потребна е консултација со доктор.

Доколку кожата на бебето почне да се лупи, неопходно е трајно да го заштитите од сонцето. Кожата која отпаѓа не смее да се лупи, а новата кожа која е исклучително нежна мора да се заштити и  не смее никако да се изложува на сонце. Може да користите и хидратантен лосион од алое или пентанол.

Доколку се појават пликови не треба да нанесувате ништо, туку едноставно да појдете на доктор. Доколку пликовите пукнат кожата станува подложна на инфекции и треба да се заштити на соодветен начин. Доколку детето повраќа и делува омалаксано треба да се обратите на доктор бидејќи можно е да има и сончаница (или топлотен удар).

 

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama