Рамното стапало е најчест деформитет на стапалото кој се карактеризира со спуштање на физиолошките сводови на стапалото и завземање на валгусна положба при стоењe. Рамното стапало е еден од најчестите деформитети на телото воопшто.

Рамното стапало може да го оневозможи нормалниот физички развој на детето, бидејки го оневозможува нормалното стоење и одење на детето, со сите последици врз останатиот коскено-мускулен систем на телото (нарушена статика, деформитети на рбетот, колената итн.)

Причини за негово настанување најчесто се наследниот фактор, физичката неактивност, прекумерната тежина, несоодветни крути чевли.

Во основа имаме слабост на мускулно-лигаментарниот апарат, со можност тоа да се одрази врз другите зглобови од телото. Кога стапалата се во мирување сводовите се нормални, но при оптоварување, кога детето ќе почне да оди симптомите се присути, повеќе присутни кај деца со поголема телесна тежина. Настанува  нарушување на статиката на телото, детето оди со потешкотии, навечер пред да оди на спиење се жали на болки во стапалото и потколеното.

Дијагностицирањето на оваа состојба се врши со клинички преглед кај  ортопед или физијатар и со тестирање на плантограм (отисок од стапалото). Во принцип, до возраст од 3-4 години кај детето може да се забележи лажно рамно стапало, бидејки сводовите на стапалото се исполнети со масни перничиња.

Третманот се состои од физикална терапија – кинезитерапија и користење на ортопедски влошки. По 4-тата година, доколку се дијагностицира вистинско рамно стапало треба многу брзо да се започне со третман.

Во однос на превенцијата, треба постојано да се внимава на телесната тежина на детето, уште од првата година од животот, никогаш да не ја поминува нормалната граница. Чевлите да не се многу тешки, ѓонот да биде флексибилен, а предниот дел од чевелот да биде широк. Благата масажа  пред спиење ги релаксира стапалата. До четвртата година да не се користат чевли во кои има вградено влошка со повишување, која пасивно би го формирала сводот и би ја оневозможила нормалната контракција на мускулите на стапалото при одењето и движењето.

Современиот начин на живот не им овозможува на децата да бидат повеќе во природа и да газат боси (повеќе присутно кај градските деца). Поради ова, треба да најдеме начин како децата да вежбаат во домот или во градинка и истовремено да се забавуваат како што би го правеле тоа во природа со боси стапала.

 

 

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama