Од 10 месечна возраст детето е посамостојно додека јаде и сака да учествува во оброците. Покрај течната и пасирана храна може да му се понуди и цврста поситно сецкана храна бидејки детето веќе има заби. Месото, овошјето, зеленчукот веќе не треба да се пасираат, туку да се сецка на поситни парчиња.

Најважна нова намирница на оваа возраст, која треба да му се понуди на детето е лебот. Наместо кашички од зеленчук, компир и месо веќе може да му се понуди од ручекот кој содржи зеленчук, компир или ориз или тестенина и малку месо. Житно-овошната каша е препорака за предпладневна или попладневна ужинка. Млечно-житната кашичка и доењето од сабајле постепено да се заменат со појадок и вечера кои содржат мајчино млеко или млечна формула, најизменично комбинирано со леб или снегулки и со овошје или зеленчук.

Како расте и се приближува кон првиот роденден детето треба постепено да се научи на правилен ритам на исхрана: три главни оброци (појадок, ручек, вечера) и два меѓу оброци (предпладневна и попладневна ужинка).

М-р. Д-р. Ангелчо Андоновски

 

 


 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama