Кога одите на одмор, па макар и на еден викенд, а особено ако сте со дете, секогаш носете си ја домашната мини аптека. Ви посакуваме ниту еднаш да не ја отворите, но за секој случај, мора да ја имате со вас.

Најнеопходните лекарства за вас и за вашето малечко се:

Лек против покачена температура - Доколку на вашето малечко му давате парацетамол во вид на чепчиња, не заборавајте дека тие се топат на висока температура, па дури и во кола при уклучен клима уред. Наместо чепчиња, земете сируп.

Топломер - Каде и да одите со себе носете го и топломерот.

Антибиотик - Понесете ги оној што вообичаено го користите, таблети или капсули за возрасните и сируп за децата. Понесете и антибиотска маст во случај на воспалени, инфицирани рани или пак инфекција на очите.

Лек против лошо варење, пролив, повраќање, киселини - При проливи и повраќање, користете и електролити како заштита од дехидрација.

Лек против убоди од инсекти, изгореници, претерано сончање - Не заборавајте на кремата или спрејот против комарци!

Лек за алергии - Внимавајте при пробување нов вид храна, може да предизвика алергии.

Фластери - Во сите големини.

Средство за дезинфекција - Разредениот алкохол може да послужи за дезинфекција на рани, но и за дезинфекција на површини.

Шприц - Доколку сирупите на малечкото му ги давате со шприц, не го заборавајте!

Ориблети за грло или прополис. (за возрасните) - Помагаат при воспалено грло, ларингит и сл. 

Физиолошки раствор (спреј) за нос - При затнат или растечен нос. Секој треба да има свој раствор, од хигиенски причини.

Витамини - Ц Витамин, Б Витамин...

Редовната терапија - Доколку некој од домашните користи таква. 

 

Совет плус:

Секогаш носете ги лекарствата во оригиналната амбалажа, и задолжително со упатството за употреба.  Често се случува да го заборавиме дозирањето на лекот, дури и ако често го користиме.  Понесете лекарства што вообичаено ги користите. Внимавајте со нови, неиспробани лекови, поради ризикот од алергиски рекации. 

Важно:

Пред да појдете на одмор, однесете го детето на контролен педијатриски преглед, проверете ја крвната слика, земете му брис. Не користете непроверени лекарства без консултација со лекар или фармацевт. Секогаш дозирајте според упатството. Ви посакувам убав и безгрижен одмор!

 

Марија Зографска Алексова - Мајка на Јана и судски преведувач


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama