Иако ја очекуваа кон 11-ти јули, малата радост реши да излезе порано. Во петокот вечерта Kim Kardashian почнала да чувствува контракции, а саботота изутрина се породила по природен пат. Изворите велат дека и двете се добро.
Kanye бил таму цело време - во родилната сала до Kim. Ова е првото дете на Кim и Kaney. Kim откри дека очекуваат девојче уште во Февруари. „Многу сум возбудена што ќе имаме девојче. Мислам, кој не сака девојче? Најдобри се. И знам дека и Kaney од секогаш тоа го сакал. Тој сакаше девојче.“
Бременоста на Kardashian и не беше баш прошетка во паркот. Во 5-тиот месец од бременоста камерите во нејзиното шоу ја фатија со сериозно стомачни болки кои би можеле да бидат од воспаление на слепо црево. „Да имаш воспалено слепо црево за време на бременоста воопшто не е забавно“, рече таа. „ Не е лесно. Ќе биде многу тешко до крајот.“
Покрај стравот за здравјето, Ким неколку пати изјави дека тешко се навикнала и на промените на телото. „Многу ми беше тешко да ги прифатам промените на моето тело, и имав различна бременост од онаа на Kortney, рече Kim за својата сестра. „Кај неа изгледаше толку лесно, но откако почна да клоца бебето, сѐ се смени. Сега обожавам што сум бремена“.
За време на едно интервју, Kaney изјави дека и тој се соживеал со бременоста на неговата сакана, вклучувајќи ја и заштита која ја осеќал за својата ќерка. „Би направил сѐ за да го заштитам моето дете и мајката на моето дете“, рече тој. И навистина, ТВ ѕвездата ќе цвета во љубовта на West додека го поминуваат времето со нивното новородено. „Кaney ја опсипува со љубов и постојано и кажува колку е убава“, открива еден член од фамилијата.