Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон роди син, идниот наследник на Британскиот трон. Долгоочекуваното кралско бебе на Принцот Вилијам и Војвотката Кејт се роди во 16:24 часот по локално лондонско време.

Кејт се породи во приватниот дел на болницата Сент Мери, каде што принцезата Дијана ги роди принцот Вилијам во 1982 година и Хари во 1984 година.

Бебето тежи 3.8 килограми. Мајката и бебето се во добра здравстена состојба, изјавија од палатата. Принцот Вилијам во кратката изјава, по раѓањето на синот, изјави дека тој и неговата сопруга во овој момент не може да бидат посреќни. Принцот Вилијам бил покрај својата сопруга во родилната сала.  

Името на идниот престолонаследник сеуште не е објавено, се очекува да биде објавено во текот на наредните денови. Граѓаните на Лондон со нетрпение очекуваат да го дознаат изборот на двојката за името на бебето.  Првороденчето на кралската двојка е трето во наследната линија зад принцот Чарлс и Вилијам.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama