Од SUSIE MCMANUS HARDER: Родителите играат улога во моделирање на здрави начини на комуникација кај детето во секојдневни ситуации. Со тоа што некој знае што да зборува за време на одредени сценарија, може да ги претворите нефлуентните моменти во успешни разговори.  

Правејќи го ова, ќе го поттикнете и ќе го научите детето на разговорни вештини за време на дневните активности. Следните предлози за конверзација не треба да бидат замена за соодветна терапија, туку треба да го придружат планот за индивидуален третман на вашето дете. 

1. Користете контакт со очи. 

Контактот со очи (eye contact) е одлична алатка за конверзација од повеќе причини. Ако практикувате контакт со очи додека вашето дете зборува оставате впечаток дека слушате. Со користење на контакт со очи кога вие зборувате, му покажувате на детето дека е важно да се гледа во лице оној кој зборува. Вашето дете ќе биде поспособно да го следи разговорот и да зборува со одржан контакт со очи, затоа што кога ќе се „закочи“ со зборувањето, помалку е веројатно другите деца да „влетаат“ и да ја завршат реченицата место него. Најдобриот начин да извлечете контакт со очи од вашето дете е сами да воспоставите ваков контакт и да го потенцирате кога ќе се воспостави. („Браво што гледаше во мене додека ми раскажуваше за тоа!“ е подобро во споредба со „Гледај ме кога ти зборувам.“)

2. Лице во лице. 

Обидете се да се позиционирате во висина на очите на вашето дете кога е тоа возможно. Ова создава здрав контакт со очите и исто така демонстрира соодветен простор додека разговарате со некој. Дополнително, може да е од корист ако ги потенцирате моментите кога го слушате. „Добро, сега сум подготвена да ја слушнам твојата убава приказна за тиквата што се претворила во кочија“ додека сте клекнати за да слушате. 

3. Зборувајте природно, но релаксирано. 

Нема потреба да го успорувате говорот до некоја несвојствена брзина, но може да помогне ако зборувате релаксирано. Ова остава впечаток дека не брзате, па и детето полесно ќе го забави неговиот говор.

4. Создадете„Време за размислување“.

 Додека играте игра или читате книга, одвојте време за размислување пред да почнете да зборувате. „Хммммм, го одбирам ова.“ Природните периоди на размислување се поволни за правилно течење на говорот. 

5. Бидете добар слушател и не ги довршувајте речениците на вашето дете ако заглави. 

Со тоа што ќе ја довршите реченицата наместо вашето дете, кај него не охрабрувате здрави, независни конверзациски вештини. Можно е вашето дете да сфати дека треба да допушти на некој друг да зборува кога тоа ќе заглави на некој збор. Позитивно истакнете ги моментите кога детето ќе заврши некој збор или приказна откако претходно заглавило. „О, многу ми е мило што ја заврши приказната. Колку возбудливо утро имаше во градинка!“ 

6. Дозволете му на вашето дете да почека да ви раскаже нешто по премин од една во друга активност. 

Веднаш по градинка или помеѓу активности можеби и не е најдобро време за вашето дете да ви раскаже нешто. Некои деца се „нерегулирани“ во тоа време и нивното тело обрнува внимание на многу повеќе отколку на говорот. „Едвај чекаш да ми кажеш за играта. Ајде да го исчистиме ова, па може да ми раскажеш за будалестиот пират!“ 

7. На кого му е ред? 

Обидот да „влезе во конверзација“ е традиционално потешко за дете кое пелтечи. Да се сфати начинот на справување со повеќе разговорни партнери  може да биде исцрпувачки, но важно е моделирањето на успешни конверзациски редови во вашето семејство. Користете конверзација со децата (или со еден или двајцата родители) како начин на презентирање на ред за зборување. На пример започнете со цифра каде секоја личност има свој ред за борување, а земањето ред може да биде вклучено секој пат.  „Прво ќе и биде ред на Сара да зборува, па потоа тебе ќе ти биде ред.“ Во дневните конверзации, поттикнете го детето ако ве прекинува со тоа што ќе му кажете, „Гледам дека имаш нешто да ми кажеш. Сега мене ми е ред да зборувам со тато, а потоа на тебе ќе ти биде ред.“ 

8. За време на активностите користете нежни прашални фрази, како на пример „Се прашувам...“ наместо директни прашања. 

На пример, додека гледате во книгата, можете да речете: „Погледни ги овие дечиња како се забавуваат. Се прашувам што ли бараат...“ Вака на природен начин извлекувате одговор или конверзација, додека пак со бројни последователни прашања може да добиете различен ефект. „Мони, која боја е оваа? Како се вика ова? Кој е ова? Го знаеш“.

9. Помош во организирање на приказните. 

Помогнете му на вашето дете да ги организира приказните со тоа што ќе ги структурира со помош на прашални зборови (кој, што, каде, кога, зошто...) „Слушам многу различни делови во оваа приказна. Ајде да започнеме од почеток. Кој е во оваа приказна.?... Каде се случува оваа приказна?... Добро, сега сум подготвена за повеќе. Што се случува во приказната?... Исто така, структурирајте ги последователните информации со реченици кои започнуваат со прво/потоа. „Добро, првиот дел од приказната е... А потоа...“

10. Посебно време за зборување со мама или тато. 

Користите ги секојдневните ситуации за да создадете време кога вашето дете ќе добие посебно „време за разговор“ со мама или со тато. Ако периодот кога се враќате од работа дома е бурен, искористете го времето да создадете релаксирано и предвидливо сценарио. Изградете тврдина од перници или седнете на креветот, а вашето дете нека ви каже 3 работи од неговиот ден. Користете „скришни“ места за сето ова да биде забавно и полесно за детето. Она што може да биде високо енергичен, непредвидлив дел од денот асоциран со зголемено пелтечење, може да стане забавна рутина, која го намалува пелтечењето.

11. Дополнување на реченици.

Во оние времиња кои се чинат нефлуентни или тешки за организација, можеби ќе сакате да се обидете да моделирате  точни реченични структури и едноставно да започнете реченица која вашето дете ќе може да ја дополни. На пример, ако вашето дете заглави на преодот од еден на друг збор, може да речете: „Си играше на...“ и допуштете му на детето да го дополни последниот збор. 

Бонус совет: Уживајте додека разговарате со вашето дете и покажете му го тоа. Насмевнувајте се и зајакнете му ја желбата да комуницира со вас. Дури и ако вашето дете е многу нефлуентно, помогнете му да ужива додека зборува и покажете му дека сте горди на него. Ако раскажува приказна и заглави повеќе, сепак можете да ја зајакнете комуникацијата велејќи: Леле! Колку долга приказна ми раскажа! Многу сакам да ги слушам твоите приказни. Или Многу ми е мило што ми раскажа за тоа!“


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama