Кога бебето конечно ќе стигне дома, повеќето мајки не се подготвени на сѐ она што ги очекува. Секој кој ќе дојде однадвор има своја верзија за тоа како треба бебето да се негува, дои, бања, облекува, па многу чесно новопечените мајки се збунети.

Не знаат кого да слушаат и на кој начин на постапуваат за да му пружат на бебето најдобра нега. Најважно е да го следите бебето и со него да постапувате согласно неговите потреби, тврдат стручните лица. Исто така, многу е важно да имате педијатар на кој му верувате, бидејќи тој ќе ви биде од најголема помош. Лекарите велат дека мајките треба да најдат еден консултант, најдбро педијатар, и да ги слушаат неговите совети, бидејќи доколку применуваат сѐ што ќе им кажат бабиците, патронажните сестри, други доктори, мајки, свекрви, семејни пријатели... многу брзо ќе се најдете во конфузија -  што е најдобро?

Една од најчестите недоумици на младите мајки кои дојат е дали бебето прима доволно млеко. Тоа многу лесно ќе го согледате според тоа како бебето напредува. Иако децата губат околу 10% од родилната тежина додека да излезат од болница, тоа би требало за две недели да се надокнади.

Секое бебе е различно, но ако првиот месец добие на тежина од 800 до 1200 грама сигурно има доволно храна. Набљудувајте го и како се однесува. Ако спие, јаде во еднакви интервали и не плаче, освен кога е гладно или влажно (промена на пелена), имате доволно млеко. Педијатрите тврдат дека лактацијата главно правилно се воспоставува две недели по пордувањето, па затоа дајте си себе и на бебето шанса и немојте да го дохранувате секој пат кога ќе заплаче.

Многу бебиња делуваат разроко и се чини дека имаат криви нозе. Тоа е нормално, тврдат педијатрите, и обично ова се губи до четвртиот месец. Малечките и криви ноџиња изгледаат така затоа што биле во фетална положба и потребни им се две години за да се исправат. 

Уште едно од двоумењата е кога бебето треба да преспие цела ноќ. Иако спијат и по 20 часа, тоа е најчесто во кратки интервали. Не го споредувајте бебето со другите бебиња и знајте дека вашето бебе ќе ја преспие целата ноќ тогаш кога ќе биде подготвено. Педијатрите тврдат дека децата веќе после 6-7-ми месец немаат потреба од ноќен оброк. Положбата во спиењето е уште една грижа на младите мајки. Стручните лица тврдат дека детето треба да спие на грб или на страна, никогаш на стомак, заради опасност од задушување и неправилна положба на стопалата.

Повременото бљуцкање, исто така е нормална појава. Некои деца секогаш отфрлаат малку млеко после оброк, што е предизвикано од неразвиеноста на дигестивниот систем. Важно е да знаете дека бљуцкањето не е исто што и повраќањето. Ако детето повраќа во млаз штом го изеде оброкот, јавете се кај педијатар.

Бебињата комуницраат со плачење, па немојте да се грижите ако тоа пречесто се случува. Понекогаш вам ви се чини дека бебето постојано плаче и без причина, но тоа не е така. Кога ќе поминат проблемите со грчевите, може да се случи да го мачат запчињата, да му е досадно или преку плачењето да ги „преработува“ дневните активности.

Не треба да го водите бебето на лекар секогаш коа ќе се подзакашла. Но, ако е вознемирано, не јаде, има температура над 38, задолжително јавете се кај педијатар.

 

 

 

 

 


 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama