Освен ако имате дете кое е роден фото модел, веројатно се справувате со камера-фобична, секогаш во движење, силна личност. Со помалку фрустрации и повеќе забава може да дојдете до налик професионални фотографии кои ќе врадат за рамка.
Креативноста е во прв ред, како и трпението со кое ќе треба да направите 50 фотографии за да ја добиете вистинската - но, само онаа волшебната е важна, нели? Дечињата се зафатени луѓе со многу поважни работи отколку да сопрат и да позираат за вас. Но, не е невозможно да направите чудесна фотка. Ценете ја фазата во која се наоѓаат овие малечки и оставете нека ве инспирира. „Две и три годишните имаат најдобра природна енергија и ги следат сопствените импулси,“ вели професионалната фотографка Сара Слобода. Следете ги, претопете се и станете будалести. „Вашето дете се храни со вашата енергија. Ако се однесувате како сѐ да е игра, така и ќе биде,“ вели таа. Некои родители можеби мислат дека немаат уметничко око за да направат добра фотографија од своето дете, но не мора да сте професионалци за да сликнете магична фотка. Само следете ги неколкуте правила и запаметете дека технологијата е на ваша страна.
Што да не правите кога го фотографирате вашето дете
Не одете на игралиште: Раздвижени лулашки, справи кои одземаат вниамние - игралиштата ги комплицираат композициите. „Едноставните позадини се одлични за децата - тогаш нивната непокорна енергија е ѕвездата на фотографијата, наместо некоја црвена луда лулашка,“ вели Слобода. Целете на широко отворени полиња или напуштен дел од плажата.
Немојте да бидете возрасниот: „Секогаш спуштете се на нивното ниво со тоа што ќе седнете на подот или тревата,“ вели детскиот фотограф Морин Форд. „Играта со вашето дете пред да се обидете да го фотографирате е одличен начин за да го промените нивниот став од „не“ во став кој ќе зрачи со невини и искрени насмевки и изрази.“ Скокнете во барите, растурете ја бојата - само напред, бидете несмасни. Би било од помош ако имате некој „асистент“ што ќе го занимава детето додека вие се занесувате со апаратот.
Немојте да бидете режисер: „Не му велете на детето да се насмее, да пее песна или да гледа во камерата. Поставете му прашање и тоа ќе погледне право во вас. Следете ги наоколу и видете што им е интересно.“ вели Слобода. Исто така, избегнувајте да ви позираат. „Колку повеќе се трудите, толку повеќе ќе ве одбиваат и ќе го прават токму спротивното. Водењето функционира многу подобро,“вели фотографот Дебора Израели. Едноставното зборување, пеење песнички или прашање за нивната омилена играчка ќе ги анимира и воодушеви.
Не ја игнорирајте светлината: „Одлуката како да ја искористите светлината има голем удел во она што и ја дава магијата на фотографијата,“ вели Слобода. „Аголот на светлината треба да ви биде зад вашиот грб, не зад грбот на вашето дете. „Природната светлина ви е најдобар пријател, па излезете надвор за палета на стимулација и избор на фтографии без оглед на годишното време. „Ако фотографирате дома, обидете се да искористите голем прозор за добра светлина - прозор кон запад наутро, прозор кон исток попладне,“препорачува Израели.
Што мора да направите кога го фотографирате вашето дете
Стојте мирно: Вашето дете е во постојано движење, па ваша должност е да ја совладате уметноста на стабилното држење на фотоапаратот за да избегнете заматеност. „Јас земам длабок воздух и го задржувам неколку секунди додека фотографирам неколку пози, држејќи ги лактите залепени за телото,“ вели Слобода. „Ова овозможува зглобовите да ми останат лабави за да можам брзо да го менувам аглите, без затегање, протегање или тресење на камерата.“
Потсредете ги играчките: Дом со дете има многу работи, оние најсаканите предмети може да уништат добра фотка. „Сликајте со чиста позадина, не со неред од играчки или планина од кукли,“вели Тифани Ејнџелс, професионален детски фотограф.
Прекршете ги правилата: Никогаш не им дозолувате на децата да се качат на мебелот: Времето за фоткање може да биде вистинскиот момент малку да попуштите. „Пуштете ги да застанат на нешто повисоко, но безбедно - како кауч или нека влезат во кошницата или да седнат на огромна топка,“вели Форд. „Ова ќе ги задржи на едно место малку подолго за да можете да сликнете неколку пати, додека детето е зафатено размислувајќи што прави во моментот.“
Станете будалести: „Погрешниот одговор вообичаено е добра причина за насмевка,“ вели Ејнџлс. „ 'Дали патката вика мјау?' или 'Дали ми е розова косата?' Ако се потчукнете по главата со волшебно стапче притоа извикувајќи едно смешно 'леле' секогаш измамува кикотење. Исто така, може да си играте „Ѕе„ и да направите супер фотки во моментот кога ќе се појават од зад аголот.“ „Едноставните дрвени играчки одлчно се вклопуваат во фотографијата, а децата сакаат да си играат со нив...“
Бидете подготвени за акција: подгответе се да го фотографирате детето брзо и постојано додека трча кон вас или во спротивен правец. „Овие акциони сценарија може да предизвикаат супер фотографии додека ја евидентирате оваа фаза од животот - брза, забавна енергија!“ вели Форд.
Користете реквизити: „Реквизитите може да му помогнат на детето да се релаксира или да го задржат зафатено додека вие фотографирате. Подадете му го омиленото мече,“ вели Форд. „Едноставните, дрвени играчки се супер реквизити и децата сакаат да си играат со нив, што ќе ви овозможи да сликате природни, ентузијастички слики и да креирате контролирана средина. Големо, шарено лижавче е одличен реквизит на крајот од сесијата, кога сите се кенкави,“ вели Израели.
Станете потајни: Израели има два збора за родителот на вистинките несоработливковци: Леплива лента. „Парче леплива лента на нивното раче ќе ги сопре во секунда.“ Не е видлива и можете да го сликате вашето малеко во еден интензивен момент на сконцентрираност.
Технологијата е ваш пријател
Ако вашиот смартфон е закачен за вашиот колк исто како и вашето дете, време е да ја активирате машината да поработи за вас. Симнете ги сите бесплатни програмки за едитирање на фотографии- тие ќе ви овозможат да направите ремек дело и од најпросечната фотографија, без разлика дали сакате модерна слика, стара, шарена, пресечена, потсечена... :) Фотофрафите и родителите препорачуваат Pixlromatic, Pixlr Express, Pic Stitch, InstaCollage, PicsArt, и се разбира, Instagram. Слобода е голем фан на iPhone-от поради бројните добри страни кога станува збор да фотографии.
„Само запомнете,“ вели Форд, „ Не се работи за перфектна поза, туку за фаќање на личноста на вашето малечко во точно определен момент.“