30% од сите случаи на неплодност кај жената се резултат на неможноста за ослободување на јајце-клетката од јајниците, т.е. изостанување на овулацијата. Отсуството на овулција кај жената се нарекува ановулација, а неплодноста која резултира ановулаторна неплодност. Ановулацијата најчесто резултира со нередовен циклус (олигоменореа) или комплетно отсуство на менструално крварење (аменореа).

Во зависност од случајот, кај голем дел од овие пореметувања доволно е само да се даде некое хормонално средство за предизвикување на овулација. Кај одреден помал број случаи на ановулација не е доволна само индукција, туку се потребни и дополнителни испитувања и третман на неплодноста.

Најчеста причина за отсуство на овулација кај жената се полицистичните јајници, појава која е присутна кај близу 70% од регистрираните случаи. Во основа на пореметувањето се наоѓа хормонален дисбаланс кој предизвикува истовремено регрутирање на поголем број преовулаторни фоликули. Овие фоликули не реагираат на нормалната хормонална стимулација, не доаѓа до созревање на ниту еден од нив и не настанува овулација. Отсуството на овулацијата е причина за неплодност. Ова пореметување вообичаено се јавува непосредно пред и по 20-тата година од животот и е придружено со акни на лицето на жената и нередовна менструација. Дури и да настане овулација, оплодувањето е помалку веројатно поради нерегуларниот месечен циклус. Полицистичните јајници се дијагностицираат со гинеколошки ултразвучен преглед (ехо) и испитување на хормоналниот статус на жената со лабораториски анализи.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama