Организацијата Лулка е дел од создавањето на новите текови во неонатологијата во Европа, преку учеството во проектот Европски стандарди за грижа за здравјето на новородените.

Др Денис Ал Кхалили, педијатар и претседател на организацијата Лулка говори за предизвикот пред кој се наоѓаат сите оние кои работат со новородени и предвреме родени бебиња, за модерните трендови за учество на родителите во негата на бебињата, за контактот кожа на кожа и за активностите на организацијата Лулка во врска со овој процес. Погледнете ја емисијата 0м+ на ТВ Телма во која се говори за овие теми.