Секоја година во светот 15 милиони бебиња се раѓаат предвремено. Во Македонија 16 % од сите раѓања се предвремени, т.е. пред 37 гестациска недела.
Ваквото породување носи определен ризик за бебето, а значаен дел од овие бебиња имаат потреба од подолг престој во инкубатор на одделите за неонатална интензивна нега.

Оваа година и Македонија го одбележа Светскиот ден на прематуритетот, 17-ти Ноември. Клубот на родители на предвремено родени деца ПремНова кој неодамна е оформен во рамките на здружението Лулка, по тој повод минатиот викенд организираше повеќе настани.

Одбележувањето започна со конференција за печат во петокот, по што волонтерите на клубот ПремНова се упатија кон Клиниката за Гинекологија и акушерство. Пред влезот на клиниката беше поставена низата со чорапчиња, симболот на Светскиот ден на прематуритетот, а беа делени и флаери на посетителите на клиниката во текот на работниот ден.

Во саботата беше организирана добротворна продажба на книгата „Предвремено родени – Дневник на стравот и надежта“ на плоштад Македонија. Настанот предизвика голем интерес, а голем број родителите на предвремено родени деца за прв пат можеа да поразговараат на таа тема со некој кој го поминал истото како нив. Настанот го посетија голем број граѓани, од кои некои ја купија и книгата која е сведоштво на мајка на предвремено родени близнаци.


 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama