Една од трите програмски насоки на кои работи организацијата Лулка е Поддршка на граѓаните во текот на бременоста и породувањето. Лулка работи на подобрување на информациите, условите и поддршката која ја добиваат трудниците во текот на бременоста, како и подобрување на условите со кои се соочуваат во текот на породувањето, а со цел здрава бременост и здраво новороденче.
Организацијата Лулка работи на подобрување на условите и поддршката која ја добиваат трудниците, родилките и родителите по породувањето и во текот на одгледувањето и воспитувањето на детето.
Доењето во Македонија е горлив проблем, со актуелните податоци кои се доста застарени, а кои информираат дека само 21% од мајките дојдат ексклузивно до 6 месеци, како што препорачуваат од Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и голем број педијатриски асоцијации и авторитети.
На работилницата „Научете како да го доите Вашето бебе“ која се одржа на 14.03.2018 година, имавме чест и задоволство како гости да не посетат сестри и акушерки од Општа Болница Куманово и од ГОБ 8-ми Септември.