Во рамки на Балканската школа за педијатри која се одржа од 12 - 15.09.2018 година во Хотел Александар Палас, учествуваше и организацијата Лулка со презентација на тема Доењето - модерен предизвик за здравствените работници. Презентацијата беше дел од сесијата наменета за здравствените работници со средно, вишо и високо образование која се одржа во четврток на 13.09.2018 година, а сесијата ја водеа претставници од Унијата на ЗМСТАС и Здружението на професионални физиотерапевти на Република Македонија.

Зад нас е уште една Светска недела на доењето. Организацијата Лулка како застапник (endorser) на WABA во Република Македонија, ја одбележа Светската недела на доењето од 01. до 07-ми Август 2018 година и спроведе низа активности за заштита, промоција и поддршка на доењето.

Организацијата Лулка беше поканета да учествува со презентација на Конгресот на ЗМСТАЛ кој се одржа на 18-20 мај 2018 година во Струга. Медицинските сестри и акушерките се важен дел од квалитетната нега и грижа за трудниците, мајките и бебињата, и поради тоа се и наши партнери.

Во рамки на 41-иот Меѓународен конгрес на MMSA работилница одржа и организацијата Лулка. Конгресот е во организација на MMSA, а се одржа во хотел Аура во Охрид од 12-15.05.2018 година.

 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama