Најдобро е тестот за бременост да го направите околу 14 дена по овулацијата.
Вгнездувањето на оплодената јајце-клетка во ѕидот на матката се случува 6 – 12 дена по овулацијата. Позитивен тест за бременост се добива три до четири дена по вгнездувањето, кога нивото на hCG во крвта и урината достигнува поголема концентрација.
Тестот за бременост претставува постапка со која се утврдува дали жената е бремена или не. Денес постојат голем број тестови за бременост, а дел од нив се наменети и за самостојна употреба дома.
Тестирањето на бременоста датира уште од времето на египетската цивилизација.
Сексуално преносливите инфекции (СПИ) имаат големо значење поради опасноста од стерилитет и компликации во текот на бременоста и по породувањето. Компликациите од инфекцијата со кламидија (Chlamydia trachomatis) и гонореа (Neisseria gonorrhoeae) кај жената најчесто доведуваат до една состојба наречена пелвична инфламаторна болест или PID (Pelvic inflammatory disease).
Треба да знаете дека зачнувањето може да биде успешно само во определен период од месечниот циклус. Тоа е можно во текот на 24 до 72 часа пред овулацијата и до 24 часа по овулацијата. А како ќе знаете кога овулирате???
Психолошките ефекти и реакции на абортусот варираат од една до друга жена и ситуација. Некои жени зборуваат за едно чувство на големо олеснување и ослободување по направениот абортус, и тоа е нормално и е во ред.
Возраста е значаен фактор кој дирекно делува на способноста за зачнување. Најзначајниот пад на плодноста кај жената се случува во периодот пред и по четириесеттата година од животот. Кај жените од 35 до 39 годишна возраст веројатноста за зачнување е два пати помала во однос на оние на возраст од 19 до 26 години.
Прочитајте кои се факторите кои влијаат на веројатноста за зачнување. Кои фактори ја намалуваат, а кои пак ја зголемуваат плодноста и шансата да станеме родители.
Способноста за спонтано зачнување или концепција е различна кај различните индивидуи. На оваа способност влијаат повеќе фактори како што се возраста, претходна бременост (има/нема), времетраењето на неплодноста, интензитетот и тајмингот на сексуалните односи кај партнерите, високата или ниска телесна тежина, како и присутната патологија (болести и пореметувања).