Дијагностицирањето на неплодноста е многу значајно, пред се поради фактот дека доколку се утврди неплодност, лекувањето не смее да се одолговлекува.
30% од сите случаи на неплодност кај жената се резултат на неможноста за ослободување на јајце-клетката од јајниците, т.е. изостанување на овулацијата. Отсуството на овулција кај жената се нарекува ановулација, а неплодноста која резултира ановулаторна неплодност. Ановулацијата најчесто резултира со нередовен циклус (олигоменореа) или комплетно отсуство на менструално крварење (аменореа).
Да. Откривањето на моментот на овулација е особено важно кај оние жени кои сакаат да забременат, а имаат нередовна менструација. Во обата јајници, во текот на секој менструален циклус созреваат повеќе фоликули истовремено.
Близнаци се деца кои произлегуваат од иста бременост. Близнаците може да бидат еднојајчни (монозиготни) – „идентични“, што значи дека двете бебиња се развиваат од една оплодена јајце клетка (зигот) која се дели и формира два ембриони, или двојајчни (дизиготни) – кои се развиваат од две различни јајце клетки кои биле оплодени од два различни сперматозоиди.
За да забремени жената, неоходно е по овулацијата нејзината јајце-клетка да биде оплодена и да се вгнезди во ѕидот на матката. Зачнувањето на бебето може да биде успешно само во определен период од месечниот циклус.
Начинот на кој живееме, иако во најголем број случаи без да го почувствуваме тоа, се одразува на нашиот организам, на нашето здравје, па оттука и на здравјето на нашето потомство. Целокупното здравје на жената е важно за развојот на плодот и здравјето на бебето по породувањето. Да бидете здрави и во топ форма е значајно не само во секојдневниот живот, туку и за здравјето на вашето бебе кога ќе дојде време за тоа.
Истовремено со испитувањата на репродуктивниот систем кај жената, неопходно е испитување на сперматогенезата (создавањето на сперматозоиди) кај мажот.
Вообичаено, редовниот сексуален однос без контрацепција резултира со бременост. Истражувањата покажуваат дека 85% од жените остануваат бремени во текот на првата година. Од нив половината забременуваат во првите 6 месеци.