Возраста помеѓу 24 и 36 месеци е многу значаен период за правилен развој на говорот. Некои деца почнуваат да зборуваат пред да наполнат 2 годинки, а некои прозборуваат дури кон крајот на третата година. Подолу ќе прочитате неколку начела и упатства за условно и/или безусловно поттикнување на говорот.
Фудбалската ѕвезда и неговата неодолива ќерка поминаа некое време заедно близу нивниот дом во Лондон. Слично облечени во монтки и тениски патики, тие изгледаат фино и топло.
Одлучивте дека вашето малечко треба да тргне во градинка. Низ главата ви се вртат милион мисли и недоумици: како ќе се чувствува таму одделено од мама и тато, како ќе се снајде во новата средина, дали ќе ги прифати учителките и новите правила, дали другите дечиња ќе го прифатат него, дали ќе јаде доволно како и дома, што ќе значи сета таа промена за тоа мало кревко човече... многу дали, како, што. Овојпат ќе се задржиме на припремата за градинка на дете кое има барем годинка и пол или две. Најпрво треба да знаете дека сепак, и покрај многуте потенцијални негативности, градинката е една од најдобрите опции за згрижување на вашето дете, особено доколку тоа веќе не е бебе и е релативно самостојно, односно ако има барем 18 месеци.
Понатаму, кога веќе сте ги измериле сите “за” и “против” градинката, обидете се да се сосредочите на позитивните страни (подобрување на социјалните вештини, стекнување самосталност, одговорност, чувство за ред и дисциплина, учење нови нешта, стекнување корисни навики). Треба да бидете свесни дека вашето дете многу јасно, иако несвесно и интуитивно, го восприема вашиот став за градинката. Затоа, кога зборувате за градинката, најпрво концентрирајте се на позитивните аспекти од посетувањето градинка. Истовремено, бидете свесни дека таа промена е огромен пресврт во животот на детето, па затоа потрудете се да ја направите што побезболна, и за него, но и за вас. Еве неколку корисни совети како да го подготвите детенцето за градинката:
Објаснете му што значи градинката: дека е убаво и пријатно место каде ќе се дружи со многу други дечиња, ќе игра, црта, пее итн, но подгответе го дека ќе има поделено внимание, бидејќи двете учителки ќе се грижат не само за него, туку и за сите други деца. Припремете го за секојдневието во група, различно од дотогашното: дека ќе треба да ги дели играчките со другите, да чека на ред итн.
Децата на оваа возраст најчесто се срамежливи, им треба време да се опуштат, не се чувствуваат сигурно кога се опкружени со непознати - и возрасни, и деца. Имајќи го сето ова во предвид, потрудете се периодот пред да тргне во градинка, интензивно да биде во контакт со други дечиња приближно на негова возраст. Често посетувајте детски игралишта и посматрајте го неговото однесување. Потоа, разговарајте со него за неговите впечатоци и суптилно посочети му ги добрите, но и лошите примери во однесувањето на другите деца.
Одлична припрема за градинка се игротеките. Прво, бидејќи детето е во непосреден контакт и интеракција со други деца, а второ, затоа што може да направите тест, да видите како тоа ќе се однесува само, под надзорот на вработените во игротеката. Значи, зачестете ги посетите во игротеките!
Сепак, не заборавајте дека социјализацијата секое детенце ја доживува различно, некои ќе се вклопат веднаш, на други им треба повеќе време. И не заборавајте, децата до 3. годишна возраст додека се во група најчесто си играат сами покрај другите деца, а не заедно со другите деца. Ова е сосема нормално и постепено ќе се менува.
Доколку детето е навикнато да останува подолго без мама и тато, не само за играње, туку и за најбитните дневни активности, заспивање и јадење, полесно ќе ја прифати градинката. Така, доколку сте во можност, што почесто оставајте го детето само со баба и дедо, со дадилка, со вујче или тета. Почнете со пократки периоди - на пример оставете го кај тетката додека вие пазарувате, а потоа кога ќе стекне сигурност, постепено оставете го подолго и почесто, па пробно оставете го и да преспие, кај баба и дедо на пример. Многу е важно да се навикне на фактот дека мама и тато одредено време нема да бидат со него, и притоа да се чувствува пријатно.
Би било одлично доколку успеете да ги оставите пелените пред детето да тргне во градинка. Едноставен чекор-по-чекор водич за одвикнување од пелени, погледнете тука. Сепак, и во случај одамна да сте ги оставиле пелените, подгответе се за можни “грешки” – нормални се во новата средина. Исто така, особено е важно да му објасните на детето дека треба да и се обрати на учителката секогаш кога ќе има потреба од тоалет, но и дека ако згреши, не треба да се плаши, бидејќи нема да добие казна за тоа.
Кажете му на малечкото дека таму сите дечиња јадат заедно, научете го на основните манири на маса и обидете се да го оставите да јаде само. Не очекувајте којзнае каков напредок на почетокот, но битно е да проба, така ќе се чувствува “големо”. Исто така, многу е битно јасно да му ставите до знаење дека таму учителките даваат за ручкање; ова бидејќи огромен број деца револтот од градинката го искажуваат на начин што одбиваат друг да ги рани, и тоа навистина може да претставува проблем на почетокот.
ПРВИОТ ДЕН
Бидете свесни дека треба време за адаптација, па затоа почнете со краток период (на пр. еден час) и постепено зголемувајте го времето. Некои градинки на почетокот дозволуваат и родителот да биде присутен. Размислете за таа опција додека детето не се навикне, првите 2-3 дена. Но бидете свесни дека тое е меч со две острици: постои можност детето ДА сфати дека и вие треба да сте таму, и да не сака да остане без вас.
Иако веројатно ќе бидете уште повозбудени и поисплашени од вашето малечко, обидете се да останете позитивни и смирени, со тоа ќе му влеете сигурност на детето.
Детето може да се испаничи кога ќе види дека ве нема, ама доколку му е врежано во главчето дека ќе се вратите по него, полесно ќе го преброди периодот без вас.
Никогаш не го лажете детето. Не ги потценувајте неговите можности за забележување. Ако ветите дека ќе се вратите за 5 минути, а дојдете за 3 часа, детенцето ќе се чувствува изиграно. Наместо тоа, убаво и конкретно објаснете му кога ќе биде тоа: мама ќе дојде да те земе отакако ќе ручкате / пред да спиете / откако ќе завршите со цртањето.
Обидете се да останете со него на кратко. Скратете го периодот на престој тој ден. Одлучно, но смирено и благо објеснете му дека ќе седи со учителките и децата уште малку (кажете конкретно време, на пр. до ужината) и дека потоа ќе се вратите да го земете.
Обидете се да не се грижите премногу. Повторувајте си дека е во добри раце и дека тоа ќе биде добро искуство за него. Доколку постои поголем проблем договорете се со учителките задолжително да ве контактираат по телефон. Потоа обидете се на само да разговарате со учителките за адаптацијата, дали плаче нон-стоп или штом се заигра престанува и сл.
На крајот, запамтете дека за некои адаптацијата ќе оди лесно, а за некои подолго и понапорно. Но бидете сигурни во својата одлука, сосредоточете се на позитивните нешта, зборувајте, зборувајте и зборувајте со своето дете за градинката, и за добрите, и за лошите впечатоци. Со среќа на сите мали почетници!
Еден од најважните настани со кој вашето бебе станува дете е одвикнувањето од пелени. Иако периодот за одвикнувањето варира кај секое дете посебно, сепак најголемиот број деца се физиолошки и психолошки подготвени за одвикнување од пелени од 18 до 24 месеци.
Во детската возраст ноќното мокрење претставува многу чест проблем. Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година.
Penélope Cruz облече бикини на плажата на Барбадос. Си го покажа трудното стомаче до воделни купаќи додека седеше на песокот со соите пријатели и пливаше со синчето Leo.
Вашето дете полека расте, а вие мора да им се вратите на работните обврски, и тука се поставува главното прашање: кој да го чува моето дете? Кој најдобро ќе му ја пружи потребната нега, грижа, едукација, забава и најважно – љубов?
Да се биде мајка е неповторливо искуство и досега веројатно и сами се уверивте во тоа. Но, понекогаш и тие – најсовршените, можат да потклекнат пред предизвикот на мајчинството и да направат по некоја грешка. Еве некои од најчестите грешки.